Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно  на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Ова е  трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на  29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес, информираа денеска од Град Скопје.

Доколку временските услови се неповолни,  авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.