Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса. Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди. Дежурниот јавен обвинител издаде…
Прегледаните се со набиеници и лесни повреди, а во болницата се наоѓаат оние коишто ги чекаат рентген-снимките, другите се на домашно лекување, изјави Смилеска. Меѓу патниците во сообраќајката што утринава се случи во Прилеп нема пациенти со тешки повреди, ниту е загрозено нивното здравје, тие се здобиле со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница каде од изутрината се згрижуваат патниците од автобусот кој при судир со друг автобус удри во столб во прилепската населба Точила. – Една пациентка се здобила со мала пукнатина на черепот и таа ќе биде задржана на опсервација…
Папата Франциск во интервјуто исто така додал и дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му кажал дека Путин планира да стави крај на војната на 9 мај, кој Русија го слави како „Ден на победата“ по повод предавањето на Германија во 1945 година. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, потврди дека побарал средба во Москва со рускиот претседател, Владимир Путин, за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека се уште нема одговор. Во денешното интервју за римскиот дневен весник „Кориере дела сера“, папата изјавил и дека патријархот на Руската православна црква Кирил, кој, според западни медиуми, ја…
Врховниот суд во 1973 година го легализираше абортусот по тужбата на Норма МекКорвеј, која е нарекувана со псевдонимот Џејн Ро. Таа, во 1969 година, останала бремена со трето дете и поднела тужба против јавниот обвинител Хенри Вејд, тврдејќи дека забраната за абортус во Тексас, е, противуставна. Противници, како и заговорници, за правото на абортус, денеска излегоа на улиците низ Вашингтон, откако во јавноста излегоа информации, дека американскиот Врховен суд би можел да ја поништи пресудата на „Ро против Вејд“ од 1973 година. Со таа пресуда, се легализираше абортусот. Во документот, чија автентичност сè уште не е утврдена, мнозинското мислење на…
Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп. Повредени се околу 20 патници во судир на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп. Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до судирот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена…
Врз нас се врши огромен притисок од јавноста околу извештајот од обдукцијата. Меѓутоа потребно е да разберете дека се поминати само три недели од настанот и кога се во прашање вакви случаи кои се комплицирани потребно е време да се комплетираат сите факти релеватни за овој случај кои во целост ќе им помогнат на правосудните органи во донесување на правилна и правно издржана одлука, вели професор д-р Станков во интервјуто за НоваТВ Работиме посветено, не само на овој случај, туку и на сите случаи на Институтот за судска медицина, јас Ве уверувам во тоа. Случајот Тот се работи по сите…
На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез, информираат од Клиниката. Породувањето го изврши примариус д-р Адела Стефанија, гинеколог, а бебињата се преземени од д-р Рената Димитриеска, педијатар. Тие се наоѓаат на Одделот за интензивна нега и се во добра состојба. Машкото бебе има 2.210 грама родилна тежина, а се роди со…
Од вкупно 53.201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел, 19. 645, освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10. 909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство. Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупното резидентно…
Досега сме имале многу штрајкови и секогаш сме излегувале со резултати, меѓутоа вакво т.н. спонтано собирање на двапати не личи на просветни работници, рече Неделков Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков го оцени вчерашниот протест на дел од членството како обид да се ослабат позициите на синдикатот. Просветните работници кои вчера се собраа на протест пред седиштето на СОНК, според Неделков, се најверојатно изманипулирани или неинформирани. – Вакви неидентификувани собирања каде не знаеме кој е организатор, ниту која е целта, не води кон ништо и веројатно тоа е добар обид за ослабување на позициите на СОНК,…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска на прес-конференција рече дека анализите на синдикатот покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 проценти и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ ова зголемување. – Затоа е нашето барање за зголемување на платите од 2.806 денари што побрзо, бидејќи гледаме дека инфлацијата секој…
Прес-конференција на Синдикатот за образование и наука во врска со Известувањето од МТСП за покренување постапка за помирување.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 24 и 22 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Со кривичната пријава за истиот настан беше опфатено уште едно лице за кое надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на пријавата, бидејќи за него не се утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. Двајцата осомничени соизвршители, на 9 март,…