Author: НОВА ТВ Balaban

За жал, се уште не може да ја прогласиме за умрена. Не знам Комисијата што ќе одлучи денеска, заседава во моментов, се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои ги добиваме од Институтот за јавно здравје, изјави Сали Министерот за здравство, Беким Сали, денеска изјави дека се уште не може да каже оти е крај на корона пандемијата. Посочи дека не знае која од мерките за заштита од ковид-18 ќе биде олабавена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести. – За жал, се уште не може да ја прогласиме за умрена. Не знам Комисијата што ќе одлучи…

Read More

„Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја, истакнува Ковачевски за “Ди Пресе“.  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“, порача дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Северна Македонија, особено за нејзината економија. „Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја.…

Read More

Обдукцискиот извештај за причините за смртта на 28-годишниот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, се уште не е комплетно завршен, се чекаат токсиколошките и хистопатолошките анализи, изјавија од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, каде се вршеше обдукција на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина во петокот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако беше претепан до смрт во четвртокот изутрина пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје. Во врска со тоа кога извештајот ќе биде испратен до ОЈО, директорот на Институтот за судска медицина и криминалистика, проф. д-р Александар  Станков, за НоваТВ денеска…

Read More

Методија Димовски за НоваТВ потврди дека тој ќе биде новиот генерален секретар на Владата. Вели дека новата позиција ја прифатил на покана од премиерот Димитар Ковачевски. „Ќе се трудам до воведам проактивна транспарентност за јавноста и медиумите да ги добиваат сите информации за нашата работа“, изјави тој за НоваТВ. На нашето прашање дали стравува од предизвиците на функцијата генерален секретар и фактот што двајца негови претходници завршија во притвор тој одговори дека е време да се прекине ‘малерот’ што го носи столчето на генералниот секретар на Владата. Димовски на местото генерален секретар на Владата доаѓа од Министерството за животна средина…

Read More

Во СВР Охрид пријавено е дека на 11.04.2022 година во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.

Read More

Маските и натаму задолжителни во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои, меѓу другото, се укинува носењето маски на затворено. Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во…

Read More

Веќе е даден налог за инспекциски надзор врз дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, изјави за НоваТВ директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска. Таа потврди дека оваа дискотека немала лиценца за работа како ноќен клуб. Како се случило и покрај тоа што немал дозвола, овој клуб сепак да работи, ќе покаже инспекцискиот надзор. Пред оваа дискотека во четвртокот изутрина до смрт беше претепан 28-годишниот ракометар Денис Тот. Претходно, министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ изјави дека дискотеката „Привилиџ“,  немала лиценца за работа. (Љ.Б.)

Read More

Во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“ на 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.

Read More

Опериран пред неколку дена од тумор на мозокот, пациентот којшто ноќеска скокна од прозорец на Клиниката за неврохирургија, се здобил со повеќе скршеници и со крвавење во стомакот, а вистинска среќа е што при падот не ја повредил и главата. По овие интервенции на главата, може да се случи промена во однесувањето, болниот да стане агресивен, велат лекарите. Но може да се јават и други нарушувања, како психички растројства.   Пациентот од Свети Николе што ноќеска скокна низ прозорец од првиот кат на  Неврохирургија, едвај спасил жива глава – тој заврши со неколку скршеници на ногата, ребрата, но и со други…

Read More

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.  При претрес во домот на осомничениот на 8 април, во стан на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола, полицијата пронашла 24,77 грама марихуана, во стаклена тегла скриена во бебешка количка. Осомничениот дрогата ја препродавал на наркозависници од Битола, за што е обезбеден доказ и во форма на вербални искази на сведоци, кои во периодот од 06.12.2021 до 08.04.2022…

Read More

Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четири авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините  Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четири авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините. Според локалните медиуми, силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

Read More

Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото. Тоа значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови Грција до септември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можат  слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико. Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото. Тоа значи дека за невакцинираните нема…

Read More