Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје го проширува повлекувањето од пазарот на сето производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче. Воедно ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје денеска соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче. Компанијата нагласува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.…
Пациент нападнал друг пациент и болничар, на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што скокнал од вториот кат. – Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдиле од МВР за Курир.
Од ЗЕЛС ги повикуваат сите физички и правни лица кои го немаат пријавено имотот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10.000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица Во општините во тек е постапка за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, информира Заедницата на единиците на…
Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони. Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер. Германското Министерство за здравство за весникот „Велт ам Зонтаг“соопшти дека заклучно со 4 април годинава во складиштето на владата се наоѓаат 77 милиони дози вакцина против Ковид-19. Во кампањата за вакцинација, што во Германија почна на 27 декември 2020 година, првата доза ја примија 63,7 милиони лица,…
При засилена акциска контрола во областа на сообраќајот спроведена денеска на територијата на населба Драчево во периодот од 10.00 до 16.00 часот, санкционирани се вкупно 85 возачи, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, а девет за управување возила без возачка дозвола, информира МВР. – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението.
Затворени се гласачките места во Франција, а во вториот круг на 24 април одат Макрон и Ле Пен, покажуваат првичните проценки на изборните резултати. Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот на првиот круг од претседателските избори во Франција во кој учествуваа 12 кандидати. Според излезните анкети на Ипсос, актуелниот претседател Емануел Макрон денеска освои 28,1 отсто од гласовите и тој очекува и втор мандат. Поддржувачите на Макрон, како што се забележува на видеата објавени на социјалните мрежи, пеат „Макрон претседател“ и ги вијорат знамињата. Only 5 minutes left and Macron’s…
Англиската полиција соопшти денеска дека ги прегледува снимките од безбедносните камери за да утврди дали фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, направил прекршок, избивајќи му го од раката на еден млад навивач мобилниот телефон по вчерашниот премиерлигашки пораз од Евертон на гостувањето во Ливерпул. На социјалните мрежи се појави кратко видео на кое се чини дека Роналдо замавнува со раката кон земјата кога го напушта теренот и чекори кон тунелот на стадионот „Гудисон парк‘. Според изјава на сведок, 37-годишниот португалски фудбалер на едно дете му го избил мобилниот телефон од раката и го искршил на земјата, а Роналдо подоцна се извини за инцидентот на Инстаграм. Портпаролот…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека по анализирање на натпреварот, главниот судија Влатко Илиоски и вториот помошник Марјан Смилкоски „се суспендираат до крајот на сезоната и нема да бидат делегирани на натпреварите во Првата и Втората лига. Тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од денеска е испразнето, откако шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по вчерашниот контроверзен пораз од „Гостивар“ (1-2) во рамки на Втората лига – Запад. – Поднесов оставка од најпосакуваната позиција во македонскиот фудбал. Оставката ја поднесов од лични и морални причини, а никако како последица од неуспехот „Вардар“ да се…
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега, соопштија денеска од Министерството. Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување…
Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, судија на претходна постапка донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата приведени им одреди мерка притвор, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата – соопштија од Кривичен суд Скопје Триесетдневен притвор за момчето А.К.(22) и девојката К.Л. (19) определил Кривичниот суд Скопје. Тие се осомничени дека со нанесување на повреди на телото на ракометарот Денис Тот извршиле кривичено дело „Убиство“. Третиот осомничен, А.Ѓ. (28), е во бегство и по него вчера Основното јавно обвинителство Скопје распиша централна потерница. – Постапувајќи по предлог на…
Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, денеска изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас. „Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“.
Вработените во образованието, во училиштата, во градинките, имаат со Устав загарантирано право на штрајк. Синдикатот има обврска но и морално право да го организира штрајкот. Наставниците имаат право на нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата. Наставниците имаат право на покачување на платите согласно Колективниот договор. Тие тоа и го заслужуваат. изјави денеска Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Владата, наместо да им се заканува и врши притисоци врз нив, треба да се потруди да ги исполни нивните барања, да го исполни тоа што им следи и да го…