Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави собирање 150 илјади потписи за референдум за, како што рече „да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата“. Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, изјави Мицкоски денеска во гостување во централниот дневник на Сител телевизија. Мицкоски додаде дека „граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата“. – И ценам дека граѓаните треба да…
Запрашан дали ќе има реакција за некои зборови како „фашистички“, министерот рече дека тоа е работа на заедничката Комисија за историски прашања. Во однос на тоа доколку стигне нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија за некој споменик каде што пишува фашистички окупатор, Османи рече дека кај нас ќе се реагира според нашиот закон за говор на омраза. Идентификување и преземање мерки против говор на омраза во натписи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор ќе биде обврска на Mинистерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија кои ќе…
Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство. Во вторник ќе почнат преговорите, истиот ден е отворачката изјава и скринингот, од тој ден започнуваат преговорите, нагласи министерот Бујар Османи на попладневниот брифинг по потпишувањето на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија денеска во Софија. Османи информираше дека целиот текст на Протгоколот ќе биде објавен во текот на денот, во ист момент со бугарското…
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јоанис Артопиос попладнево соопшти дека по падот на авионот западно од грчкиот град Кавала, едно тело е извлечено, а уште едно е лоцирано, јави дописничката на МИА од Атина. Осум украински државјани биле членови на екипажот на карго авионот Антонов-12 што синоќа еден час пред полноќ се урна, откако претходно се запали, во близина на Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш. Во Кавала пристигна специјален тим за нуклеарно- хемиско- биолошка одбрана од Министерството за одбрана на Грција за да ја истражи опасноста и како што рече Артопиос, „согласно мерењата…
Го пренесуваме во живо брифингот на министерот Османи по потпишување на протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија. -Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков. Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер денеска бил почуствуван во 15 часот и 41 мнута во Македонија во прилепскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на одалеченост од 92 км јужно од Скопје, а потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци., покажуваат информациите на ЕМСЦ. Потресот, според објавите на социјалните мрежи од граѓаните од прилепско-битолскиот регион , траел неколку секунди.
„За жал во Канада, многу христијани, вклучително и некои членови на црквата, придонесоа за политика на културна асимилација која во минатото сериозно му наштети на домородното население на различни начини“, рече Папата во своето неделно обраќање на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Папата Франциск денеска изрази надеж дека „покајничкиот аџилак“ во Канада следната недела ќе помогне да се залечи страдањето предизвикано на домородните луѓе чии деца биле малтретирани во католичките интернати. Посетата на Папата од 24. до 30 јули предвидува најмалку пет средби со претставници на домородното население, на кои на нивно тло ќе им се каже за улогата на…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во 19:00 часот, веднаш по враќањето од Софија, ќе одржи брифинг со медиумите, информираа попладнево од МНР. Од МНР претходно соопштија дека веднаш по потпишувањето на протоколот со Бугарија во Софија, содржината на овој документ ќе биде објавена во јавноста. А медимите во Бугарија известуваат дека протоколот ќе биде објавен утре или во наредната недела.
Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција. Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац, соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен…
„Денес во Софија, втор состанок на Заедничката меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија. Ги нотиравме сите активности и проекти кои произлегоа од работните групи, активностите поврзани со Коридорот 8, соработката во туризмот, културата итн. Го потпишавме Протоколот, кој претставува записник од состанокот на Комисијата кој ќе ни овозможи засилен ангажман во унапредување на билатералните односи“, објави на својот Фејсбук профил, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска во Софија со неговата колешка, Теодора Генчовска, го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Во објавата тој додава: „Добивме цврста поддршка за нашите европски интеграции, која ќе се…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заедно со владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи присуствуваше на состанокот на меѓувладината комисија, по кој беше потпишан Протоколот. – Денес отворивме европско поглавје во односите со соседна Бугарија. За стратешките и важни прашања нема друга алтернатива, освен компромисни решенија кои ја враќаат довербата и градат партнерства и сојузништва, вели Маричиќ. Вицепремиерот Маричиќ смета дека со потпишувањето на Протоколот, Договорот за пријателство и добрососедство веќе добива нов дух, а Бугарија станува наш партнер и сојузник на европскиот пат, што било потврдено и на состанокот на…