Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во 19:00 часот, веднаш по враќањето од Софија, ќе одржи брифинг со медиумите, информираа попладнево од МНР.

Од МНР претходно соопштија дека веднаш по потпишувањето на протоколот со Бугарија во Софија, содржината на овој документ ќе биде објавена во јавноста.

А медимите во Бугарија известуваат дека протоколот ќе биде објавен утре или во наредната недела.