Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Русија ја погоди железничка станица во Краматорск со балистичка ракета, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Нападот беше извршен вчера наутро во градот во Доњецката област, додека илјадници луѓе чекале да бидат евакуирани поради очекуваната воена акција во регионот. Во нападот загинаа најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца. – Сметаме дека се неуверливи тврдењата на Русија дека нема никаква врска со нападот. САД веруваат дека руските сили употребиле балистичка ракета со краток дострел за да нападнат, нагласи Кирби.
В недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 25 степени. В недела под влијание…
Борис Тот, со емотивна порака на Фејсбук, се прости од братот Денис Тот кој денес почина на КАРИЛ во Скопје. Хрватскиот ракометар и член на Бутел почина на 27-годишна возраст, под сé уште неразјаснети околности. – Прерано нѐ напушти, драг мој, почивај во мир. Ништо нема да биде исто без тебе, напиша на Борис Тот на Фејсбук. Сочувство до семејството по повод смртта на Денис Хот изразуваат голем број македонски, хрватски, како и клубови и ракометари од целиот регион.
Кога екипата на Итна помош вчера рано наутро пристигнала да интервенира, тој бил легнат пред дискотеката „Привилеџ“ и бил помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација и слаб пулс, како и дека момчето мирисало на алкохол. Тие ги примениле постапките за реанимација и веднаш го транспортирале на Ургентниот центар на скопските клиники „Мајка Тереза“, потврдија за НоваТВ од Здравствениот дом – Скопје. Лекарска екипа на Службата за итна медицинска помош во Скопје го пронашла ракометарот Денис Тот, вчераутро пред дискотека во Градскиот парк, откако од непознат телефонски број околу 4 часот го примиле повикот за…
Владата на Црна Гора во својот технички мандат на денешната седница усвои пакет рестриктивни мерки против Русија, изјави потпретседателот и мандатар Дритан Абазовиќ. Абазовиќ на својот Твитер профил напиша дека на седница на црногорската Влада е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија. Црногорската Влада го усвои пакетот санкции против Русија во отсуство на претседателот на техничката Влада Здравко Кривокапиќ, кој престојува во Атина, каде што присуствува на економскиот форум во Делфи. Со денешната седница претседаваше Абазовиќ, кој им се заблагодари за соработката на сите министри, на Владата, на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на делегацијата на НАТО и на Европската Унија во Црна…
Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина, изјави шефот на националната железничка компанија. – Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша Александар Камишин на социјалните мрежи. Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.
Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста. Денис Тот, 27-годишниот хрватски ракометар, настапува за македонскиот прволигаш Бутел од Скопје. Хрватски Јутарњи лист објави „Страшни вести доаѓаат од Северна Македонија. Денис Тот, 27-годишниот хрватски ракометар кој настапува за македонскиот прволигаш Бутел од Скопје, беше брутално претепан во Северна Македонија и моментално се бори…
Кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани ширум светот, а Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот. На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата на Северна Македонија донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милииони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Делфи економскиот форум кој што се одржува во градот Делфи во Република Грција. На панелот насловен „Како кризата…
Ковачевски и Ескобар изразиле согласност дека нема време за губење и оти секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни САД сметаат дека е неопходно максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и поддржуваат итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, истакнал заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на Северна Македонија. Неофицијално дознаваме дека станува збор за Мухамед Зеќири, поранешен потпретседател во СДСМ. Од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, според опишаните дејствија во наредбата, соопштија дека постои основано сомнение дека првоосомничениот висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени. Ценејќи…
Судечкиот совет, предводен од судијката Софче Гаврилова Ефремова, пресуди и дека правното лице „Меѓународниот сојуз“ има вина во случајот во кој првообвинет е Бојан Јовановски кому денеска му пресуди затворска казна од девет години. Невладината ќе треба да плати еден милион денари Обвинителката во судскиот предмет за измама на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски и за перење пари, Ивана Трајчева, вели дека ќе ја обжали пресудата затоа што не било јасно како судот не утврдил кои се дејствијата со кои обвинетата Фросина Ременски придонела за да се склучат договори со бизнисмените. Таа го сторила делото, бидејќи самите оштетени посочија…
Јас никогаш не се врзував со датуми, секогаш кажував дека нам ни треба брзо, но не избрзано решение за спорот со Бугарија, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Според него во моментов се разговара, но заемно прифатливо решение се уште нема. -Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на политичките прашања. Тие политички прашања ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи. Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, а штом ќе има документ или решение што е прифатливо за двете страни тогаш тоа ќе биде соопштено како на институциите во Бугарија согласно…