Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on April 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 8, 2022 10:38

Ковачевски и Ескобар изразиле согласност дека нема време за губење и оти секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни

САД сметаат дека е неопходно максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и поддржуваат итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, истакнал заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција.

Ковачевски и Ескобар, како што информираат од владината прес-служба, изразиле согласност дека нема време за губење и оти секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.

– Дел од одговорите на овие ризици, беше речено на средбата Ковачевски-Ескобар, се содржат во иницијативата „Отворен Балкан“, која како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар, САД целосно ја поддржува затоа што нејзиниот концепт го помага регионалниот развој и ја забрзува европската интеграција на земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од Владата.

На средбата било констатирано дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.

Ковачевски и Ескобар разговарале за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, како и справувањето и, како што се вели во соопштението, ефикасниот одговор на мерките на Владата за енергетската криза.

Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакнал дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Петровска: Членството во НАТО е вистинска одлука во вистинско време

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која, исто така, учествува на Делфи форумот во Грција, објави на нејзиниот Фејбук профил дека имала средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во американскиот Стејт департмент.

– Благодарни сме за континуираната и конзистентна  поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Членството во НАТО се покажа дека е вистинска одлука во вистинско време, а во денешните несигурни времиња, тоа ја зацврсти регионалната стабилност и безбедност и ја намали можноста од прелевање на нестабилноста во Западниот Балкан, објави министерката Петровска.

Габриел Ескобар Димитар Ковачевски Економскиот форум Делфи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.