Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потребно е брзо, но не и избрзано решение со Бугарија, вели Ковачевски

0
By НОВА ТВ Balaban on April 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2022 12:44

 Јас никогаш не се врзував со датуми, секогаш кажував дека нам ни треба брзо, но не избрзано решение за спорот со Бугарија, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Според него во моментов се разговара, но заемно прифатливо решение се уште нема.

-Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на политичките прашања. Тие политички прашања ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи. Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, а штом ќе има документ или решение што е прифатливо за двете страни тогаш тоа ќе биде соопштено како на институциите во Бугарија согласно нивните законски постапки така и кај нас согласно нашето уредување и нашите закони. Во овој момент такво заемно прифатливо решение не постои, истакна премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека нема некакви тајни преговори или разговори за ова прашање и оти се за што се разговара е веќе познато.

– Знаете дека со Бугарија имаме односи кои се базираат на искрена комуникација помеѓу двете влади, помеѓу двата премиери. Веќе работат работни групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, во делот на образованието, културата и европските интеграции. Ние веќе имаме врз основа на работата на тие работни групи потпишано голем број на меморандуми, имаме и конкретни чекори направено во различни области, истакна Ковачевски.

Премиерот одговараше и на прашање во однос на информацијата за тоа дека постојат поединци кои работат во државните институции и кои практично работеле да не се постигне договор помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и притоа истакна дека случајот ќе се процесуира согласно процедурите. 

-Таа информација ја имавме веќе првиот ден министерот за надворешни работи и јас. Тоа нормално дека во рамките на МНР ќе се процесуира согласно процедурите до соодветните служби, меѓутоа јас не можам да кажам повеќе бидејќи се работи за класифицирани информации, рече Ковачевски по посетата на реновираниот оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести.

актуелно Бугарија вести Ковачевски преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.