Author: НОВА ТВ Balaban

Моменталната состојба е поразителна: сите се сеќаваме на случајот во Радовиш каде 66 средношколци две недели немаа превоз до училиште. Самиот систем е дискриминирачки – средношколците кои живеат на растојание помало од 2,5 километри од нивното училиште како и тие во приватните училишта немаат право на бесплатен превоз. Тие кои го имаат, пак, го губат правото за време на распустот што се намалува нивната мобилност, нагласи Павиќевиќ Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите…

Read More

Жител на Липково се обидел да украде пари од вработена во спортска обложувалница, соопшти полицијата. – Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.А.(55) од Липково. Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се обидел да одземе пари од вработената, соопшти полицијата.Л.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

За мерката Самовработување поради големиот интерес обезбедени се финансиски средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку двајца сопружници основаат компанија. Агенцијата за вработување денеска ги објави првите јавни огласи за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти. Од Агенцијата за вработување информираат дека за мерката Самовработување…

Read More

Унгарскиот портал Index.hu објавува дека несреќата се случила утринава нешто пред 7.00 часот во областа Мајндсент на железничкиот премин Дели и дека камионот влегол во пругата и покрај знакот за забрана, кадешто се судрил со воз кој сообраќал од Сентес до Ходмезевасархел. Неколку луѓе загинаа, а неколкумина се повредени кога рано наутро камион удрил во воз во јужна Унгарија, соопшти полицијата. Несреќата се случила на преминот во Миндсент, недалеку од границата меѓу Унгарија и Србија. Полицијата соопшти дека неколку лица се повредени, а неколку починале на лице место. Според порталот Delmagyar.hu, седум лица загинале, додека Mavcsoport.hu наведува дека според првите…

Read More

Во предупредувањето, ФСА наведе дека повлекувањето се должи на „потенцијална поврзаност со појава на салмонела“. Производите кои се засегнати се јајцата од 20 грама или пакувањата со три јајца, сите со датум на истекување меѓу 11 јули 2022 и 7 октомври 2022 година. Најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“. Чоколадната компанија Фереро повлекува некои серии од јајцата како мерка на претпазливост додека продолжуваат истрагите за поврзаноста, соопшти Агенцијата за стандарди за храна (FSA). Повеќето случаи се регистрирани во Европа, вклучувајќи ги Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Јајцата се произведени во Белгија.…

Read More

На прашањето дали САД очекуваат до крајот на француското претседателство со Европската Унија да се тргне бугарското вето и да се постигне договор меѓу Скопје и Софија, од Стејт департментот одговориле дека Вашингтон продолжува да ги поддржува ЕУ аспирациите на сите земји од Западен Балкан Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, изјавил претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД се загрижени за информациите од Бугарија дека постои ризик Западен Балкан да стане регион на нестабилност поради делување на руски агенти. Бугарскиот премиер Кирил Петков пред неколку…

Read More

Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани  информации. Премиерот Кирил Петков даде јавна изјава дека постојат лица кои работеле против нивните интереси (интересите на Бугарија), а потоа и против добрососедските односи и против постигнувањето на евентуален договор, рече  Ковачевски Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се на многу подобро и на многу повисоко ниво на комуникација отколку што беа во периодот пред доаѓањето на двете нови влади, изјави премиерот Димитар Ковачевски. На прес – конференција во Битола, премиерот Ковачевски потврди дека преземени се мерки за македонски службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи на…

Read More

Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и евро-атлантска интеграција на Украина Олга Стефанишина и…

Read More

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 година Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1. Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10…

Read More

Ескобар истакна дека Србија не е најтешката тема за која разговара со другите соседни земји, бидејќи таа „титула“ ѝ припаѓа на БиХ. Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот фокус на решавање на кризата во своето опкружување, пренесува Хина. Војната во Украина, исто така, ги наведе земјите-кандидати за членство во Европската унија…

Read More

Вчера во 10:10 часот во СВР Велес, Ѓ.П. (81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи. Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес. Тој бил задржан за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Read More

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во однос на олдуката од 01.04.2022 година. Со  тоа, од 5.4.2022 година од 00:01 часот малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за…

Read More