Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преземени се мерки за службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи меѓу Скопје и Софија, рече Ковачевски

0
By НОВА ТВ Balaban on April 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 4, 2022 15:50

Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани  информации. Премиерот Кирил Петков даде јавна изјава дека постојат лица кои работеле против нивните интереси (интересите на Бугарија), а потоа и против добрососедските односи и против постигнувањето на евентуален договор, рече  Ковачевски

Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се на многу подобро и на многу повисоко ниво на комуникација отколку што беа во периодот пред доаѓањето на двете нови влади, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На прес – конференција во Битола, премиерот Ковачевски потврди дека преземени се мерки за македонски службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи на двете земји.

– Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се на многу подобро и на многу повисоко ниво на комуникација отколку што беа во периодот пред доаѓањето на двете нови влади. Ние веднаш воспоставивме дијалог со премиерот на Бугарија, потоа имавме заедничка владина седница во Софија каде беа формирани и почнаа да работаат групи со веќе видливи резултати во различни области значајни за граѓаните, но и за економските субјекти, за развој на инфраструктурата, развој на образованието, а денес има средба работната група за евроинтеграции. На заедничката владина седница присуствуваа и копретседателите на Историската комисија и карактеристично за нив е што работаат по своја методологија, независно од политичарите и од другите работни групи. Кога во таа комисија има заеднички ставови тогаш заеднички соопштуваат и ги испраќаат до владите. Во овој момент нема предлози од страна на Историската комисија до двете влади, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека клучно за комисијата е разговорите да ги водат во позитивен дух бидејќи историските факти и сознанија треба да претставуваат добра основа за градење на пријателство и соработка меѓу две соседни држави.

На новинарско прашање во врска со дејствувањето на одредени служби или поединци против добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и за информациите кои во јавноста ги соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков, премиерот Ковачевски потврди дека и во земјава се преземени мерки за тој случај.

-Со министерот за надворешни работи од првиот ден имавме информација за тоа што се случи и тоа беше предадено на службите за безбедност што се задолжени за таа проблематика. Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани информации. Премиерот Кирил Петков даде јавна изјава дека постојат лица кои работеле против нивните интереси (интересите на Бугарија), а потоа и против добрососедските односи и против постигнувањето на евентуален договор. Како што е познато, во Бугарија има истрага, а јас немам причини да не му верувам на премиерот на Бугарија бидејќи тој тоа многу транспарeнтно го соопшти во обем на кој може да се соопшти, бидејќи се работи за класифицирани информации и истрага. За нашите службеници преземени се активности, но неможам да ви кажам други детали, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес – конференција во Битола.

Бугарија Димитар Ковачевски мерки Преземени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.