Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ги потсетуваме возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година. Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација, информираа денеска од ЈСП Скопје. Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на…
Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем. Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ, велат од државната енергетска компанија На терен се вршат последните подготовки пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј, информира АД ЕСМ. Како што посочуваат оттаму, денеска увид во активностите извршија заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната. – Електраната се наоѓа…
Хирурзите-ортопеди, д-р Алан Андоновски, д-р Александар Савески и д-р Резарат Далипи, заедно со тимовите, успешно трансплантираа коскени ткива од починат донор кај тинејџерка со спортска повреда, кај пациент кој паднал од 13 метри и кај болен од рак На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор, соопштија од Министерството за здравство. Кај 49-годишен пациент повреден при пад од…
Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет, рече Ковачевски Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел. Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, ги соопшти очекувањата од состанокот. Во продолжение,…
Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече Брнз Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнз, на конференција пред судиите денеска изјави дека македонските граѓани немаат доверба во судството. Повикувајќи се на анкетата на „Еуротинк“, дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството, таа изјави дека неопходно е да се врати довербата кај граѓаните за да видат дека системот функционира. – Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Неодамнешната анкета на „Еуротинк“ покажа дека само…
Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) од Скопје е повредена откако била застрелана на работно место во ресторан во Бур Риџ во Чикаго. Таа пред неколку години заминала да работи во Соединетите Американски Држави. Како што дознава Serbian Times, повредената девојка Ана Бранковиќ била погодена со три куршуми – во нога, рамо и рака. Таа била итно оперирана, лекарите успеале да ѝ ја спасат ногата, но ѝ претстои уште една операција на раката, како и лекување од психичката траума. Како што вчера објавивме маж од Србија, Н.М., беше убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице. Во…
ЈП Водовод и Канализација известува дека на ден 24.03.2022г, поради промена на два затворачи ф-80 мм на бул. 12-та Македонска Бригада, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче (бараки). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Ова јавно претпријатие известува и дека, исто така на 24.03.2022г, поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Михаил и Ефтихиј 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Во центарот на Москва денеска се случи инцидент – врз ѕидот на Кремљ бил фрлен молотов коктел. Според првичните информации, нема повредени.
Иако е мирна ситуацијата, луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, На денешната средба на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутираше во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините, информираа денеска од Комисијата. – Иако е мирна ситуацијата, луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на…
Седеш на машина, шиеш, кичмата вкочена, на кој и да кажам – никој не верува, или стоиш на нога цел ден, нозете болат, притисокот варира и никој не ти верува, а мораш да работиш, вели Костадинова Една третина од текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите се во ризик. Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат се видот, крвниот притисок и кардиоваскуларните заболувања, покажаа резултатите од првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тимот на експерти. – Кај секој вработен во текстилната индустрија се регистрираат дури три различни оштетувања и промени во здравствената состојба. Резултатите ни покажаа…
Веднаш по пријавувањето полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба Во атарот на радовишкото село Покрајчево денеска околу 10:30 часот полицијата го пронашла исчезнатиот деветгодишен малолетник од село Јаргулица, кого неговиот татко Љ.И. (44) синоќа го пријавил дека се оддалечил од дома. Како што информираа од СВР Струмица, веднаш по пријавувањето полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба. Според портпаролката на СВР…
Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло, кој, наводно, работел во фирма со Срби како возач на камион, пренесува порталот Маж од Србија, Н.М., беше убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице. Во истиот момент, во фирмата, која била во сопственост на српски државјанин, било пукано и во жена, објави Српски Тајмс. Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло, кој, наводно, работел во фирма со Срби како возач на камион, пренесува порталот. Откако пукал во српските…