Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во однос на причините заради кои е извршено насилство 52,1 одговориле дека тоа е заради незадоволство на пациентите предизвикано од неисполнети желби за одредена дијагностичка процедура или терапија, а 37,7 отсто е поради административни процедури, како на пример, долго чекање за преглед или неможност да се закаже одредена дијагностичка процедура. Вербалното и физичко насилство е сериозен проблем со кој се соочуваат докторите во секојдневното извршување на своите работни активности и потребно е итно преземање на мерки кои ќе придонесат за подобрување на состојбите, апелираше денеска Лекарската комора на Република Северна Македонија по повод 12 Март, Европски ден за подигање на…
Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца. Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим. Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.
Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени 2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој, изјави Николовски Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Николовски. Николовски посочи дека Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип. Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции. Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од: Куманово – 16,…
Не сме сè уште подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Беким Сали. Тој нагласи дека ја следат состојбата и, според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи, сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или нивно намалување. – Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите коишто ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија…
Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, рече дека во теков на следната недела ќе се донесе посебна автономна меркa за намалување на царинските стапки за сите земји на ДДВ од 5 на 0 проценти за увоз на бел леб, бел шеќер, брашно Тип-400, масло од сончоглед, кравјо млеко со 3,2 и 3,5 % маснотии, бел ориз, јајца од живина, како и месо и други кланични производи за јадење, што подразбира свежо и саламурено месо. Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за…
Oгледувачите треба да водат евиденција за болни и угинати птици, а потребно е и соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина од фармите како можност за евентуално пренесување на вирусот, потенцираат од АХВ Од Mакедонското Eколошко Друштво (МЕД) вчера осамна веста дека во малото Преспанско езеро во Грција се пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани и дека причината за угинатите птици е птичји грип, објави lokalno.mk Од МЕД информираат дека тие само ја пренеле информацијата којашто ја добиле од колегите. – Бидејќи угинатите пеликани се во Грција, а нивни органи ја потврдиле информацијата, ние како истражувачи не ја познаваме…
Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно е киднапиран од руските сили, велејќи дека за тоа разговарал со француските и германските лидери. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео-обраќање до нацијата на социјалните мрежи во кое изјави дека руската армија ги претрпе најголемите загуби во последните децении. Зеленски тврди дека 31 тактичка група на рускиот баталјон сега се неспособни за борба. Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно е киднапиран од руските сили, велејќи дека за тоа разговарал со француските и германските лидери. Зеленски, исто така, рече дека Украина работи со Европската комисија за да го забрза нејзиното членство во…
Ја пренесуваме прес-конференцијата на министерот за финансии, Фатмир Бесими на која присуствуваат и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорката на Царинска Управа, Славица Кутиров
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година, објави предмалку…
Како што пренесе Би-Би-Си, Украина ја обвини Русија дека одбива да им дозволи на луѓето да излезат од Мариупол, каде се заглавени стотици илјади луѓе заробени. Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што се засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Како што пренесе Би-Би-Си, Украина ја обвини Русија дека одбива да им дозволи на луѓето да излезат од Мариупол, каде се заглавени стотици илјади луѓе заробени. Русија ја обвинува Украина за неуспехот луѓето да се евакуираат. Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека џамијата Султан Сулејман Величествениот во Мариупол е гранатирана од…
Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“. Притоа, лишени од слобода биле Л.А.(32), С.М.(24), Ш.К.(30), Џ.С.(30) и И.М.(33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по…