Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поевтинуваат горивата и основните прехранбени производи, граѓаните да не веруваат во лажни вести, порача Бесими

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 12, 2022 14:07

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, рече дека во теков на следната недела ќе се донесе посебна автономна меркa за намалување на царинските стапки за сите земји на ДДВ од 5 на 0 проценти за увоз на бел леб, бел шеќер, брашно Тип-400, масло од сончоглед, кравјо млеко со 3,2 и 3,5 % маснотии, бел ориз, јајца од живина, како и месо и други кланични производи за јадење, што подразбира свежо и саламурено месо.

Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими апелираше граѓаните и стопанствениците да не веруваат во лажни вести, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и нема дека нема простор за паника.

Одлуките донесени од Владата, а вчера изгласани во Собранието денеска стапуваат во сила, а практичната реализација по однос на цената на гориватапочнува од утре, додека за прехранбените производи тоа ќе биде во наредните денови.

Бесими ја поздрави конструктивната расправа во Собранието и заедничкото носење на законите, кои се важни за економијата, стандардот на раѓаните и најранливите категории.

– Одлуките се веќе објавени во Службен весник, како што се и измените на законите. Со тоа се исполнети сите услови за овие одлуки да стапат во сила, изјави Бесими.

Тој нагласи дека законските измени предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Бесими ги наведе антикризните мерки кои ќе се применуваат.

– Стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана е намалена од 5 на 0 проценти до крајот на мај. За да има позначаен ефект оваа мерка ќе се спроведува со паралелна наредба на замрзнување на маржите за некои производи. Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година. Стапката на ДДВ при промет на енергенсите се намалува од 18 на 10 проценти. Се намалува акцизата на бензинот за 1 денар, дизелот за 2 денари и екстра лесното за 4 денари, посочи министерот за финансии.

Фискалната импликација за три месеци колку што траат мерките е околу 1,7 милијарди денари, додека за електричната енергија е вкупно 2,7 милијарди денари на годишно ниво.

– Донесовме мерки кои чинат околу 400 милиони евра за Буџетот. Сто милиони се откажување од приходи, а околу 400 милиони се директни расходи насочени кон кризата. Дел се предвидени, а за дел се прави пренамена. Ликвидноста на буџетот останува стабилна. Економскиот импакт од мерките се очекува да биде над 500 милиони евра, изјави Бесими.

Тој ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, посочувајќи дека Владата е транспарентна и навремено информира за сите случувања.

Лукаревска: Со намалување на даноците директно се влијае врз крајната цена

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека со намалување на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со намалување на ДДВ-то за нафтените деривати директно се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се амортизираат трошоците за енергија.

– Апелираме трговците соодветно да се подготват за решенијата од законот, а се со цел граѓаните да добиваат производи со пониски цени, односно да направат соодветно подесување на своите фискални апарати, изјави Лукаревска.

Кутиров: Намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти при увоз и промет на енергенси

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, рече дека во теков на следната недела ќе се донесе посебна автономна мерка за намалување на царинските стапки за сите земји на ДДВ од 5 на 0 проценти за увоз на бел леб, бел шеќер, брашно Тип-400, масло од сончоглед, кравјо млеко со 3,2 и 3,5 % маснотии, бел ориз, јајца од живина, како и месо и други кланични производи за јадење, што подразбира свежо и саламурено месо.

Во примена, посочи Кутиров, е намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при увоз и промет на енергенси, што се однесува на бензин, дизел, екстра лесно, ТНГ и метан.

– Извршено е намалување и на акцизите врз основа на средната берзанска цена за бензин, дизел, гасното масло и екстра лесното за греење. Намалувањето ќе изнесува 1,2 или 4 денари во зависност од средната берзанска цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика, изјави Кутиров.

Мерката ќе се применува од денеска до крајот на мај и утврдувањето на акцизата ќе се врши два пати месечно – на 1 и 15-ти.

МИА

поевтинуваат горивата Прехранбени производи Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.