Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По угинувањето на 500 пеликани во Грција, да се пријавуваат симптоми на птичји грип или зголемена смртност, алармира АХВ

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 12, 2022 13:51

Oгледувачите треба да водат евиденција за болни и угинати птици, а потребно е и соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина од фармите како  можност за евентуално пренесување на вирусот,  потенцираат од  АХВ

Од Mакедонското Eколошко Друштво (МЕД) вчера осамна веста дека во малото Преспанско езеро во Грција се пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани и дека причината за угинатите птици е птичји грип, објави lokalno.mk

Од МЕД информираат дека тие само ја пренеле информацијата којашто ја добиле од колегите.

– Бидејќи угинатите пеликани се во Грција, а нивни органи ја  потврдиле  информацијата, ние како истражувачи не ја познаваме оваа проблематика доволно добро но, наши соработници, волонтери и експерти може да ја забележат на терен, па сме информирани и информираме, изјавиле од МЕД за „Локално“.

Од Мониторинг станица за испитување и следење на квалитетот на водите од Преспанското езеро велат дека во  нашиот дел на Преспанското Езеро нема забележани мртви пеликани или какви било други птици.

–  Ние како институција имаме соработка и со партнерите од грчка страна, кои извештајот за угинати птици го проследија веднаш штом ја утврдија причината за угинувањето на птиците, по што веднаш беше извршена контролата. Отворени сме за соработка и доколку имате информации за било какви негативни појави на нашата страна на езерото очекуваме да не известите за да може навремено да се реагира во рамки на можностите кои ги имаме како институција, информираат од Мониторинг станица за Преспанско Езеро.

Во рамки на мерките по потврдувањето на двата одделни случаи на птичји грип во земјава,  минатиот месец спроведени се и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

Од  АХВ потенцираат дека одгледувачите треба да водат евиденција за болни и угинати птици, а потребно е и соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина од фармите како потенцијална можност за евентуално пренесување на вирусот.

– Одгледувачите на живина птиците да ги држат подалеку од области кои се посетувани од диви птици, да се контролира пристапот до одгледувалиштата на живина на луѓе и опрема, да се отстранат предмети од одгледувалиштето кои може да привлечат диви птици, да се одржува хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата, а неопходно е и да не се внесува живина, птици од непознат статус на болеста во јатото на одгледувалиштето, апелира АХВ.

FOTO .shutterstock.com

Птиците кои не покажуваат знаци на болеста, според АХВ, можат да го носат вирусот и се опасност од ширење на вирусот кај живината.

– Птичјиот грип најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за резервоар на болеста. Дивите птици, особено дивите патки можат природно да бидат отпорни и да не покажуваат клинички знаци на болеста. Затоа важно е да се води сметка живината која се одгледува на фармите да се спречи да дојде во контакт со нив, за што останува препораката до фармерите живината да не ја чуваат на отворено, велат од АХВ.

Повеќе на lokalno.mk

 

АХВ Грција да се пријавуваат пеликани птичји грип Симптоми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.