Author: НОВА ТВ Balaban

Курти апелира граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што информира, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец. Косовскиот премиер Албин Курти, по поскапувањето на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, вчера изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина. По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти…

Read More

РКЕ ќе ја вкалкулира намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ. Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува, бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и…

Read More

Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури. Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно…

Read More

Поради подобрената епидемиолошка состојба со коронавирусот, властите на Црна Гора ја укинаа обврската за поседување КОВИД потврда за влез во Црна Гора и новата одлука стапува во сила денеска, соопшти Министерството за надворешни работи.   Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од ПЦР-тестот по пристигнувањето. – Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска. Дополнително, од патниците во Ирска веќе не се бара ни да пополнат формулар за лоцирање (PLF), информира МНР.   Повеќе информации се достапни на линкот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19  

Read More

Хрватската Влада е на нозе по синоќешниот пад на леталото кај Студентскиот дом кај Јарун крај Загреб. Вонредни прес-конференции, како што објавивме, предмалку  одржаа претседателот и врховниот командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ, министерот за одбрана Марио Баножиќ, а до јавноста од Париз се обрати и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Маркијан Лубкoвски, советник на украинскиот министер за одбрана, за Јутарњи.хр изјави дека леталото што се урна во Загреб не е украинско. Тој  решително го отфрли тоа и додаде дека се очекува и официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи, во соработка со Генералштабот на украинската армија. Лубковски побара…

Read More

Креаторот на групата, Дарко Костовски и администраторот Михаил Паневски се прогласени за виновни за производство и дистрибуција на детска порнографија. Тие, според пресудата, со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал, на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Двајцата креатори на Телеграм групата „Јавна соба“, во којашто биле споделувани порнографски слики и видео од жени и девојчиња, добија по четири години затвор, пресуди денеска Основниот кривичен суд во Скопје. Креаторот на групата, Дарко Костовски и администраторот Михаил Паневски, се прогласени за виновни за производство и дистрибуција на детска порнографија. Двајцата обвинети, од 19.12.2019…

Read More

Сите надлежни служби беа вклучени веднаш по падот на беспилотен авион од воен тип, кој според досега собраните податоци, навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад или од унгарскиот воздушен простор со брзина од 700 км/ч на височина од 1.300 метри, објави предмалку Јутарњи лист. Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ денеска во 11 часот ќе има вонредна прес-конференција по падот на леталото, најверојатно, дрон, синоќа по 23 часот во Загреб. Во тек е криминалистичка истрага во соработка со криминалистичката и воената полиција. Хрватските медиуми јавуваат дека утринава бил одржан итен состанок на надлежните тела од безбедносно-одбранбениот состав…

Read More

Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свесноста кај граѓаните за важноста на бубрежните заболувања, нивната застапеност, можноста за превенција и навремено откривање, начините на лекување и соодветен третман на бубрежно болните лица да се достапни секаде и за секого Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се обрати на одбележувањето на 10 март, Светскиот ден на бубрегот кој се одбележува под мотото: „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите“, информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски. Според Ѓоргиевска, со оглед на фактот дека еден од десет луѓе на светско ниво боледува од хронична бубрежна…

Read More

Доколку возилото. и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30. 03. 2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 год., во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото, и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30. 03. 2022 година,…

Read More

Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот во Скопје на крстосницата на булеварот „Крсте Мисириков со булевар „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје. Во сообраќајката учествувале возила Хјундаи, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки. На терен е увидна екипа на СВР Скопје. (МИА)

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 24 Вести, истакна дека стратегијата за надминување на сериозната глобална економска криза, дополнително влошена и со војната во Украина е преточена во 26-те мерки и препораки, што ги донесе Владата, и кои се целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. „Со овој пакет активни мерки, вреден 400 милиони евра, спречуваме сериозен ценовен шок, и на основните прехранбени производи и на енергенсите“, рече за ТВ 24 Вести премиерот Ковачевски, и нагласи дека Владата одговорно пријде кон решавањето на овие…

Read More

Непосредно пред да се повлече во засолниште, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја испеала песната „Командант Сава“, Маргарита ја испеала партизанската песна додека се јавувала за црногорскиот портал Антена М. Песната ја испеала со својот колега Јарослав Џус, кој свири на бандура –  украински национален инструмент. – Еве ја песната, како што ветив. Сега ни рекоа дека мораме да одиме во засолниште, па кога ќе можам, ќе ви испратам видео од ситуацијата во Украина, напишала таа за порталот. Песната „Командант Сава“ е за легендарниот командант Сава Ковачевиќ, кој бил убиен од фашистите во битката на Сутјеска во 1943…

Read More