Author: НОВА ТВ Balaban

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишија од слобода В.М.(35) од Охрид затоа што на 02.03.2022 во 18:54 часот Е.О.(24) од Скопје пријавила дека во 17:32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „Измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик. Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За…

Read More

Како Влада активно работиме да изградиме општество без стереотипи и дискриминација, општество кое е инклузивно и обезбедува еднакви можности за сите. Општество во кое сите заеднички се грижиме и секојдневно ги охрабруваме борбата против родовата нерамноправност, сексизмот и мизогинијата, рече Ковачевски Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. На настанот  учествуваа повеќе жени од различни сфери на општествениот живот, кои ги споделија своите лични и инспиративни приказни.…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14,  Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир  Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.…

Read More

По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил ги обелодени предлозите за амбасадори: – Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија – Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и – Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации. – Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24.…

Read More

Тоа што мора да се направи, според Зеленски, е рускиот претседател да почне  да разговара, да влезе во дијалог, наместо “да живее во информациски меур без кислород, бидејќи таму и се наоѓа”. Мораме да разговараме за тоа да најдеме компромис како луѓето ќе продолжат да живеат на Крим и во републиките во Донбас, одговорил претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на прашањето за можноста за признавање на Крим, Доњецк и Луганск. Во интервју за “ABC News” украинскиот лидер објаснил: – Можеме да разговараме за прашања поврзани со привремено окупираните територии и непризнаените републики кои никој освен Русија не ги признал, овие…

Read More

Руско-украинскиот конфликт направи комплетен дисбаланс во снабдувањето и во цените на прехранбените производи, на енергенсите, полуфабрикатите и суровините кои се тргуваат на нивото на Европа, нагласи премиерот Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а денес кошничката може да се покрие со две минимални плати, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, поскапувањата на храната и енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза. Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот. -Кога зборуваме за синдикалната…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност, јави дописникот на МИА од Белград. – Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги дознаат имињата на неколку земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово, изјави Вучиќ во Ниш.  Тој додаде дека поради конфликтот во Украина, многумина ја гледаат глобалната ситуација како можност за решавање на косовското прашање и дека многумина сакаат забрзан прием на Косово…

Read More

Нема терен каде не е пребарано наоколу од селото. Максимално сме анагижирани во потрагата, нашите екипи се вклучија уште од 1 март. Останува  утре да се истражи уште еден дел од Црна Река, чие течение нуркачите од Велес го пребаруваа во саботата , но ништо не пронајдоа, изјави Ибрахими за НоваТВ Потрагата по 10-годишниот Петар Џобоски продолжува и утре. Екипа од Дирекцијата за заштита и спасување од Велес ќе ја пребарува Црна Река, во делот којшто завчера не беше истражен, ни изјави Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Петар исчезна пред 10…

Read More

Договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“ Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскaтa дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на…

Read More

Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза). Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин. Апел до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат…

Read More

“Не сме информирани официјално за таков став на Руската федерација кон нашата држава”, одговори денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓа и Северна Македонија, а други земји од регионот се Црна Гора и Албанија. Османи на денешниот брифинг со новинарите, како што веќе објавивме, ја нарече “класична закана” објавата на руската амбасада во Северна Македонија дека ги следи и документира активностите против Руската федерација. “Во текот на денешниот…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ја нарече “класична закана” објавата на руската амбасада во Северна Македонија дека ги следи и документира активностите против Руската федерација. “Во текот на денешниот ден ќе одржиме координативен состанок за да заземеме став околу оваа објава на руската амбасада која е класична закана”, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите. На прашањето дали ќе биде преземена мерка протерување на амбасадорот на Русија, шефот на дипломатијата одговори дека Северна Македонија ги координира своите чекори со ЕУ и НАТО и дека ќе се разгледува и дали тоновите од руската амбасада претставуваат прекршување на Виенската конвенција.…

Read More