Author: НОВА ТВ Balaban

Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на доиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека децата вратени ѝ се на мајката Вчера (6 март) околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот Б.А. од Неготино –Полошко, кој во 13 часот бил пријавен од неговата поранешна 33-годишна сопруга дека со употреба на сила влегол во нејзиниот дом и ѝ ги одзел двете малолетни деца. Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на доиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека…

Read More

Навални ги повика Русите да протестираат против војната, во апел од неговата затворска ќелија. Русија приведе над 5.000 лица, кои протестираа против руската инвазија врз Украина, во десетици градови во текот на вчерашниот ден. Според официјални информации, на ОВД-Инфо од следење на апсења за време на протести, полицијата приведе, најмалку, 5.016 луѓе во 60 градови, на антивоени приговори. Како што јавуваат медиумите, станува збор за невиден број на апсења во еден ден. Далеку повисок број од апсењата за време на бранот протести, што се одржаа во земјата минатата година, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални беше затворен. Навални ги повика Русите…

Read More

Османи ја подвлече и важноста од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е особено значајно и за регионалната стабилност. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на вонредниот состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на безбедносната ситуација во Украина, при што беше упатена силна осуда за  неиспровоцираниот воен напад од страна на Русија. Ваквиот неоправдан чекор претставува директен чин на агресија, силна повреда на меѓународното право, како и сериозен удар на демократските принципи врз кои се темели светскиот безбедносен поредок.  Во…

Read More

Од почетокот на руско-украинската војна во Бугарија пристигнаа 20.000 бегалци од Украина, денеска  соопшти бугарската гранична полиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во последните два дена има зголемување за 3.000 бегалци од Украина во Бугарија. Волонтери од Русе му помагаат на бугарскиот Црвен крст да ги пречека бегалците на мостот Дунав. Олена Димитрова, претседателка на бугарско-украинското здружение „Добруџа-Украина“ во градот Добрич на бугарско-романската граница, предвидува дека доколку се отворат хуманитарни коридори, бројот на украински граѓани кои сакаат да ги напуштат воените зони значително ќе се зголеми. Украинците кои долго време се имаат населено во Бугарија им помагаат…

Read More

Во потрага по десетгодишниот Петар, спелеолозите и денеска се спуштаат во рударското окно длабоко 70 метри, а спасувачкиот тим од Велес утре ќе ја пребарува и Црна река, потврди за НоваТВ Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата за заштита и спасување.  Денеска е седми ден од потрагата која уште вчера продолжи во напуштениот рудник „Партизанка“ во чии јами никој не влегол веќе 40 години. Но Петар Џобоски, кој исчезна во петокот од прилепското село Врбско, не бил пронајден ниту таму. – Спасителот Дарко Неданоски од службата Златоврв вчера успеа да влезе 70 метри во окното на…

Read More

Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА. Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели. „Откривањето на нуклеарната физија создаде основа за изградба на нуклеарно оружје за уништување. Нејзините сегашни пропорции имаат потенцијал да ја направат Земјата непогодна за живеење за луѓето и да ја избришат човечката цивилизација. Затоа, таквото оружје никогаш не смее да се користи!“ Научните откритија мора, напишаа 103 потписници, „да…

Read More

Камион кој превезувал брашно утринава се превртел кај кабината за наплата на патарина пред Штип, којашто е во изградба. Од МВР ни потврдија дека нема повредени во оваа сообраќајка. – Увидот е во тек, пријавена е сообраќајка без повредени кај патарината во изградба на на автопатот Миладиновци – Штип, а во која била направена материјална штета, велат во МВР.

Read More

Досега нашата држава, заедно со Црвениот Крст, реализираше помош за 55. 000 бегалци од Босна, 440. 000 бегалци од Косово, како и за околу 950. 000 лица од Блискиот исток, а во моментов се грижиме за 300 лица од Авганистан. Сето ова зборува дека сме подготвени да излеземе во пресрет на лицата од тој регион. Во моментов се регистрирани три лица од Украина во РС Македонија, вели Тунева Пауновска за НОВАТВ Првите бегалци од Украина пристигнаа во Македонија. Тоа се три девојки од Киев кои се сместиле во Скопје кај нивни пријател. Имаме најава уште за неколку семејства од Украина…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид –  13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и  Дебар – по 6,  Гостивар –  5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.…

Read More

Со оглед на актуелната криза поради агресијата и инвазијата на Украина, разбирлива е одредена загриженост на граѓаните, но треба да се нагласи дека стручните служби се подготвени за сите ризици кои можат да имаат негативно влијание врз јавното здравје и во моментов нема причина да се зема јод, тврди МЗ  Хрватското Министерство за здравство се огласи по повод навалицата врз аптеките и масовното купување таблети јод поради страв од нуклеарен напад. „Никогаш не земајте јод самоиницијативно. Со оглед на зголемената побарувачка за јод, калиум јодид и слични производи, Министерството за здравство апелира до граѓаните да не земаат самоиницијативно таблети калиум…

Read More

Со две моторни санки, опрема за спуштање, боци со кислород, јажиња, шлемови и друго тргнавме денеска околу 8 часот кон напуштениот рудник да провериме дали можеби 10 годишниот Петар таму се засолнил. Во потрагата ни  се приклучија и припадници на АРМ и сите се надеваме на среќен исход, изјави за НОВАТВ Дарко Неданоски, спелеолог Спасителите утринава ја продолжија потрагата по Петар Џобоски и тргнаа кон напуштениот рудник „Партизанка“ кој се наоѓа на само 3,5 километри од прилепското село Врбско, од каде во петокот попладне, според пријавата на таткото Стојан, детето се оддалечило од својот дом. Како што вчера веќе објавивме,…

Read More

Сето ова е претставено како долгоочекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се свати тоа, нагласи Захарова. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми. – Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат се повеќе и повеќе апсурдни тврдења, рече…

Read More