Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Алијансата ја потврди безбедноста на земјите членки

0
By НОВА ТВ Balaban on March 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 4, 2022 15:07

Османи ја подвлече и важноста од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е особено значајно и за регионалната стабилност.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на вонредниот состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа во Брисел.

Состанокот беше посветен на безбедносната ситуација во Украина, при што беше упатена силна осуда за  неиспровоцираниот воен напад од страна на Русија. Ваквиот неоправдан чекор претставува директен чин на агресија, силна повреда на меѓународното право, како и сериозен удар на демократските принципи врз кои се темели светскиот безбедносен поредок.  Во таа смисла, министрите за надворешни работи изразија цврста поддршка за политичката независност на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, во рамки на меѓународно признатите граници.

“Денес упативме силна порака за единството на Алијансата и заедничката определба за зачувување на евроатлантската сигурност. Обединети сме во нашата осуда на руската воена агресија и пораката за неодложно запирање на воените дејствија, кои нанесуваат ненадоместлива загуба на човечки животи и имаат далекосежни последици за економија, мирот и просперитетот на целиот свет. Одлучни сме во нашата поддршка за Украина и солидарност со украинскиот народ, чија храброст и решителност за изнаоѓање мирно решение е достојно за почит”- истакна Османи.

Министерот Османи, во своето обраќање информираше и за воведените санкции и рестриктивни мерки кон кои се придружи земјава, како одговор на руската агресија. Воедно, ја истакна и обезбедената помош за Украина, како дополнителен израз на солидарност со украинските граѓани.

Дополнително, министерот Османи ја подвлече и важноста од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е особено значајно и за регионалната стабилност. Консолидираниот пристап на НАТО и ЕУ е најдобрата алатка за надминување на безбедносните предизвици и зачувувањето на демократските процеси во нашите простори.

“Оваа криза покажа дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа ЕУ треба да биде проактивна во Западен Балкан, да го забрза своето проширување во интерес на нашата заедничка стабилност и да го затвори вакуумот за интервенции.”- заклучи Османи.

Алијансата Единство Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.