Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три девојки од Киев се првите бегалци од Украина во Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on March 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 3, 2022 15:34

Досега нашата држава, заедно со Црвениот Крст, реализираше помош за 55. 000 бегалци од Босна, 440. 000 бегалци од Косово, како и за околу 950. 000 лица од Блискиот исток, а во моментов се грижиме за 300 лица од Авганистан. Сето ова зборува дека сме подготвени да излеземе во пресрет на лицата од тој регион. Во моментов се регистрирани три лица од Украина во РС Македонија, вели Тунева Пауновска за НОВАТВ

Првите бегалци од Украина пристигнаа во Македонија. Тоа се три девојки од Киев кои се сместиле во Скопје кај нивни пријател. Имаме најава уште за неколку семејства од Украина дека ќе дојдат во земјава, потврди во разговорот за НОВА ТВ, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје.

Девојките се регистрирале во Црвениот Крст, но засега не побарале хуманитарна помош – лицето кај коешто се сместени изјавило дека таа сега не им е неопходна.

Секое лице кое доаѓа од кризен регион кога се регистрира во нашата земја, има право на хуманитарна помош и здравствена заштита.

За една недела, колку што трае руската инвазија во оваа земја, раселени се околу милион жители на Украина.

По нападот во Украина, почна бегалскиот бран и соседните земји почнаа да примаат бегалци, па секој час може да се случи и од нашата земја да се бара да примиме бегалци. Колку бегалци е подготвена да прими нашата земја?

– Досега нашата држава, заедно со Црвениот Крст, реализираше помош за 55. 000 бегалци од Босна, 440. 000 бегалци од Косово, како и за околу 950. 000 лица од Блискиот исток, а во моментов се грижиме за 300 лица од Авганистан. Сето ова зборува дека сме подготвени да излеземе во пресрет на лицата од тој регион. Во моментов се регистрирани три лица од Украина во РС Македонија, вели Тунева Пауновска за НОВАТВ.

Како Црвениот Крст на Р.С. Македонија се подготвува за прием на евентуален поголем бран луѓе од Украина? Кренат ли е алармот „на црвено“?

– Тимовите за поддршка се подготвени, Црвениот Крст ќе реализира активности во делот на хуманитарната помош, здравствената заштита, во соработка со Министерството за здравство, психосоцијална помош, но и спојување на разделени семејства.

Минатата недела отворени се телефонските броеви за донација од сите телефонски оператори на бројот 143 400 секој може да донира 100,00 денари по повик. Отворена е сметката на Фондот за солидарност за уплати од правни и  физички лица.

Од сопствените резерви одвоивме 10. 000 евра како првична помош за Црвениот Крст на Украина.

Подготвувате ли и втора пратка хуманитарна помош за Украина? Што може да дојде предвид – храна, облека, хигиенски пакети или финансиска помош ? 

– Во моментов, најефикасна помош е финансиската поддршка. Материјалната помош во моментов е тешко да се транспортира.

Најмногу бегалци Македонија прими за време на НАТО агресијата врз СР Југославија во 1999 година, но и за време на кризата на Блискиот исток. Што научивме како држава и како хуманитарна организација од таа бегалска криза?

– Најважно во секоја криза е добрата координација на терен и распределба на задолженијата. Мигрантската криза од 2015 година го докажа тоа

Освен постојните капацитети на кои може да сметате за згрижување на бегалци, кои уште капацитети се во втор план, ако се зголеми приливот на бегалци од Украина – касарни, студентски домови…? 

– Сето ова е во надлежност на Министерството за труд.

Љубица Балабан

 

Киев првите бегалци Сузана Тунева Пауновска Три девојки Украина Црвениот Крст на град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.