Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Казнети се 263 пешаци во текот на вчерашниот ден во периодот од 10:00 до 14:00 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При тоа 217 санкции се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 38 за минување на црвено светло…Од нив, информираа денеска од МВР, 81 казна се на територија на СВР Скопје, 39 на територија на СВР Тетово, 36 на територија на СВР Битола,… За време на контролата регистрирани се и 122 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Таа делата ги сторила така што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“, иако таа никогаш немала дадено позајмица во двата правни субјекта. Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица, осомничена за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од Кривичниот законик. Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта од Струмица кои се во стечајна постапка, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила…
Со парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од тоа за колку километри на час пречекориле максималната брзина. За екстремно брзите возачи, пак, покрај паричната глоба, исто така, предвидено е и времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Минатиот и овој месец, заклучно со денеска (10 февруари), на поширокото гостиварско подрачје вкупно откриени и санкционирани биле 367 пречекорувања на максимално дозволената брзина, претежно на гостиварскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево.Најголем број од прекршителите се возачи на патнички моторни возила, кои …
На 09.02.2022 во 14.00 часот на Граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение дека се послужил со туѓа патна исправа, бил приведен Р.Ц.(25) од Република Албанија. При извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа со неговиот вистински идентитет, на име М.Н.(29). Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
И јас и сите граѓани немаме дилеми за тие прашања. Отаму недозволено и неприфатливо е било која политичка партија да генерира низок и ефтин политички маркетинг и лажен патриотизам, рече Ковачевски Дефинираните позиции за македонската засебност и посебен културно-јазичен идентитет остануваат непроменети. Граѓаните да бидат спокојни дека од црвените линии за заштита на нашиот идентитет не отстапуваме, но посветено работиме што побрзо да бидеме дел од европското семејство, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница каде во моментот во тек е расправа за избор на заменици-министри во Владата. Во обраќањето пред пратениците, осврнувајќи се на надворешната политика, Ковачевски рече…
Милевски со Караџов во Софија: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји
Граничниот премин Клепало е многу важен, така што од бугарска страна ветија дека ќе се интензивираат активностите за почеток на изработка на проектите и на реализацијата на градежните активности за отворање на овој граничен премин кој е важен за цела Источна Македонија, истакна Милевски. Деловник за работа на заедничката работна група за имплементација на меморандумот за соработка помеѓу министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија беше темата на средбата во Софија на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, со Гроздан Караџов, заменик министер-претседател на Република Бугарија и министер…
Европскиот број за итни случаи 112 се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата, соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утре (петок, 11. февруари) во хотелот Александар Палас и официјално ќе го пуштат во употреба бројот за итни случаи „112“ во Северна Македонија. Воведувањето…
Тренчевска: Германија е наш пријател и поддржувач во политиките насочени кон унапредување на работничките права, социјалната заштита и родовата еднаквост Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и заменик амбасадорот и раководител на економскиот сектор во германската амбасада, Ото Граф. На средбата се разговараше за областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а во кои има тесна соработка со Република Германија, како што се работните односи, социјалната заштита, родовата еднаквост, заштитата од дискриминација и превенција и заштита од трговија со луѓе. Министерката Тренчевска потенцираше…
Секој студент на Универзитет во Грајфсвалд што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата, како што се тврди – не може добро да се постави на лицето. Во деновите кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките против коронавирусот, во Германија се воведуваат дополнителни, „чудни“ прописи. Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада. Имено, секој што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата, како што се тврди – не може добро да се постави на…
Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време на Втората светска војна. Европската унија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја повлекоа поддршката за проектот за реновирање на зграда во град на северот на Косово, бидејќи е поврзан со политичар кој бил соработник на нацистичкиот режим. ОН и ЕУ се откажуваат од учество во реновирањето на историската зграда во Митровица, се вели во заедничко соопштение. Зградата, која е уникатен пример на европскиот модернизам од 1930-тите, требаше да се пренамени во културен центар. Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време…
50-годишниот камионџија, според сознанијата на полицијата, прво игнорирал црвено светло на семафор и удрил во автомобил на една раскрсница. Наместо да застане, продолжил да вози и веројатно уште и забрзал, изјави полицискиот портпарол. Алкохолизиран возач на товарен камион излетал од патот во баварскиот град Фирт и удрил во десетици паркирани автомобили, оставајќи драматичен пустош зад себе, пренесе Дојче Веле. „Ваква глетка од толкави уништувачки размери досега не сум доживеал. Може само да се претпостави со каква жестина поминал камионот, можело да се случи страотно сценарио, ако тука се движеле повеќе минувачи“, изјави портпарол на полицијата на Мителфранкен во Нирнберг. Со…
Тие тврдат дека ваквите ограничувања се исклучително ретки во време на мир, а невообичаени дури и во активните воени зони, пренесуваат американските медиуми. Новинарите кои известуваат за Пентагон и американската војска изразија незадоволство до американската Влада бидејќи не им е одобрен пристап до трупите од околу 3.000 американски војници, распоредени во Европа. Новинарите сметаат дека им била ускратена можноста да ги интервјуираат членовите на новопристигнатите трупи кои биле испратени во Полска, Романија и Германија пред евентуалната руска инвазија на Украина. Тие тврдат дека ваквите ограничувања се исклучително ретки во време на мир, а невообичаени дури и во активните воени зони,…