На 09.02.2022 во 14.00 часот на Граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение дека се послужил со туѓа патна исправа, бил приведен Р.Ц.(25) од Република Албанија. При извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа со неговиот вистински идентитет, на име М.Н.(29). Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.