Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време на Втората светска војна.

Европската унија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја повлекоа поддршката за проектот за реновирање на зграда во град на северот на Косово, бидејќи е поврзан со политичар кој бил соработник на нацистичкиот режим.

ОН и ЕУ се откажуваат од учество во реновирањето на историската зграда во Митровица, се вели во заедничко соопштение.

Зградата, која е уникатен пример на европскиот модернизам од 1930-тите, требаше да се пренамени во културен центар.

Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време на Втората светска војна.

Дева бил основач на СС дивизијата Скендербег, која регрутирала Албанци.

УНДП и Европската Унија длабоко жалат за ненамерната навреда нанесена со најавата дека ќе започнат со реконструкција, игнорирајќи ја историската позадина на Џафер Дева, се вели во соопштението.