Author: НОВА ТВ Balaban

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во…

Read More

Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да спречиме, отколку да лекуваме, рече поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан. По средбата со верските лидери, министерот за здравство, Беким Сали, денеска на прес конференција, апелираше кон граѓаните сериозно да ја сфатат  потребата за вакцинација. – Да одговорат на нашиот повик за вакцинација и да не дозволат никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот, и на животот на луѓето околу нас од оваа чума која веќе две години ни го менува…

Read More

Вработениот утврдил дека бил измамен и дека во чантата која лицето ја оставило не се наоѓале девизите, туку парчиња хартија кои лицето успеало да ги замени при негово невнимание.  По измамникот се трага. Триесет и седумгодишен гостиварец, вчера (2 февруари) во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот и 40 минути во неговата менувачница на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар бил измамен од едно машко лице. Според пријавеното, лицето побарало да купи поголема сума девизи, по што тој му ги подготвил и ставил во чантата, а лицето излегло од менувачницата за да донесе денари. Исто така, според пријавеното, набргу…

Read More

Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје во содејство со припадници Воена полиција од Армијата, денеска на Меѓународен аеродром „Скопје“, го лишија од слобода Д.А. (44) од село Семениште, Општина Сарај, соопштија од МВР. – Тој се барал со Централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.

Read More

На 02.02.2022 околу 01.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение дека претходно извршил кривично дело. Според  пријавеното, тој измислувајќи лажна приказна побарал од 23-годишниот Т.В. од тетовска Мала Речица со возило да го превезе до Гостивар и му одзел личен предмет во кој имало и документи. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот Т.В.. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Read More

Од Владата нагласуваат корисниците на оваа финансиска поддршка да ги подмират своите обврски најкасно до рокот за поднесување на завршна сметка за 2021 година. Се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20% од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50% од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка,…

Read More

Финансиската поддршка на Владата во перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот ќе продолжи и ќе расте. Секое ново работно место во оваа индустрија значи добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите и конечно развој на економијата и раст на животниот стандард во земјата, истакна премиерот Ковачевски „До 2023 година, предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници“, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот најави дека…

Read More

Но во делот на пријавување на починатите, факт е дека има застој во  административниот пристап на одредени болници и затоа имаме паралелни  регистри, за лицата кои во меѓувреме починале од ковид-19, а отпосле биле  пријавени. Значи регистрите не се двојни, туку паралелни, вели НОВАТВ д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје За изјавата на д-р Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни  болести, кој во гостување на „Утрински Брифинг“ излезе со шокантна информација дека имало манипулација со бројките на починати од ковид-19, и дека тоа е тема на која ќе се разговарало  на Комисијата за заразни болести,  директорот…

Read More

Укинување на сертификатите сега би било апсолутно контрапродуктивно.  Трансмисијата на вирусот е се уште на високо ниво, а имаме многу низок степен на вакцинација, нагласи д-р Злате Мехмедовиќ  Омикронот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата и може да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина, ако таа е примена долго време претходно. Затоа, единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против ковид-19, вклучително третата доза, за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција се зголемува на над 80 проценти со нејзина примена, истакна денеска новиот претседател на…

Read More

А сведок сум дека има многу пациенти без коморбидитети, но невакцинирани,  а починале! Единствената мерка која би не заштитила полесно да поминеме е вакцинација. Тоа е наша и ваша обврска да ги сензибилизираме нашите граѓани да се вакцинираат, апелираше д-р Демири  Жално е пациент да живее во Скопје, а да не е вакциниран! Луѓето не треба да се опуштаат дека омикрон е полесна варијанта. Да, таа е полесна кај поголем дел, ама кај вакцинираните, а додека кај невакцинирани знае да биде со тешка клиничка манифестација. Охрабрувањето дека е полесен сој е клинички неиздржано, предупреди новиот член на Комисијата за заразни…

Read More

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска на прес конференција ги обелодени имињата на новите членови на Комисијата за заразни болести, која сега брои 25 членови. НОВАТВ претходно веќе објави дека проф. д-р Александар Петличковски е новиот претседател на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ е портпарол, а дека нов член е и проф. д-р Нико Беќаровски. Aлександар Петличковски Злате Мехмедовиќ Кристина Ставридис Шабан Мемети Калина Гривчева Старделова Невзат Елези Дугаѓин Османи Жарко Караџовски Иринка Сотирова Бухова Катерина Ставриќ Милена Стевановиќ Звонко Миленовиќ Фадиљ Цана научен соработник Марија Димзова Илир Демири Виктор Исiјановски Билјана Деспотовска Ристовска Ниќо Беќаровски Арбен Лабуништа Марија Дуганова Марија…

Read More

Со инсистирање на физичко присуство сакаме најмалку да наштетиме на физичкиот развој на учениците – додаде Петличковски Се размислува во училиштата да се прави скрининг со брзи тестови, не се многу – имаме  на располагање 20.000 тестови, на ученици по случаен избор за да ја видиме затапеноста на вирусот кај овие старосни групи, најави денеска новиот претседател на Комисијата за заштита на насeлението од заразни болести, д-р Александар Петличковски. Тој појасни зошто предложиле наставата да се одвива со физичко присуство. – Гледаме сега дека кај лицата од 8 до 12 години има ниска инциденца и затоа предложивме настава со физичко…

Read More