Author: НОВА ТВ

Педесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане починал изведувајќи градежни активности на покрив од куќа, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 14:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, информираше полицијата. Полицијата извршила увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Read More

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е децидно против барањето на Стопанската комора за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок. – Законот за работните односи и Законот за бебзедност и здравје при работа во ниедна своја одредба не укажуваат на ваквата можност, напротив секое барање и инсистирање на работодавачите во врска со здравствената состојба на работниците изречно во законите е наведено дека е на трошок на работодавачите, велат од ССМ. Оттаму нагласуваат дека нема да дозволат изигрување и непочитување на законите, нивно произволно толкување, а со тоа и создавање на целосна правна несигурност на работниците и граѓаните. – Дотолку…

Read More

Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки. Вчера имаа прес-конференција и министерот за транспорт и министерот за внатрешни работи, ги кажаа своите ставови и најкомпетентно е сепак тие да кажат став по однос на тоа кој има одговорност, дали има одговорност, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние…

Read More

Кумановец лишен од слобода заради издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираат од МВР, E.Р.(25) во текот на вчерашниот ден бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Куманово, а врз основа на судска наредба. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Read More

Без вода денеска од 10:30 часот ќе бидат корисниците на трите згради до Голден Арт во населбата Маџари во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причина прекинот е изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“, крак 1 број 6. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Read More

Повредените во автобуската нерсеќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, изјави за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија. Османи кажа дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со смејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите. Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија. -Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат заппочнато. Тука се…

Read More

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград, информираа од МЗ. -Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко…

Read More

Сите пациенти се во стабилна состојба, на дел им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска, кажа доктор Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во „Пирогов“. Според Аргирова, едното лице кое треба да биде оперирано е со изгореници на рацете, додека пак на друга девојка треба да и биде извршена операција на десното колено. „Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените“, рече д-р Аргирова. Таа рече дека еден од пациентите се наоѓа во тешок психички шок и дека со него е психолог. „Работат психолозите со него, како и со сите останати“,…

Read More

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Виљареал во Лигата на шампионите (2:0), ги сподели своите впечатоци од натпреварот. – Да се ​​игра во Шпанија е секогаш одлично, а да се победи е неверојатно. Мило ми е што постигнав гол во земјата во која отсекогаш се чувствував посебно. Честитки за момците за големата победа, благодарение на која завршивме онаму каде што треба да бидеме. Ние сме Манчестер јунајтед и никогаш нема да престанеме да се бориме за нашиот клуб! Само напред, ѓаволи! – напиша Роналдо. Манчестер јунајтед на едно коло пред крајот го…

Read More

Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија. МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“: Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.

Read More

Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на своите надлежности и ја дава сета потребна помош на Република Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот „Струма“, соопшти Прес-центарот на бугарското МНР. Ова, како што јави дописникот на МИА од Софија, им го порача бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, на премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Стоев претходно денеска ја пречека владината делегација во болницата „Пирогов“ во Софија, каде ги посетија настраданите во тешката сообраќајна несреќа. За состојбата на пациентите и грижата за нив информираше директорот на болницата проф.…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски за загинатите граѓани на оваа земја во сообраќајна несреќа на бугарска територија, јави ТАСС. „Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија“, се вели во текстот на телеграмата, објавена денеска на веб-страницата на Кремљ. Путин вели дека пренесува „зборови на искрено сочувство и поддршка на роднините и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите жртви“.

Read More