Author: НОВА ТВ

Како одговор на пожарите што избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули, Европската Унија обезбедува 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите. Овие средства од ЕУ го поддржуваат националниот Црвен крст во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи. Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица составена од храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, ќе продолжи поддршката за противпожарните тимови што дејствуваат на терен.…

Read More

Полицијата вчера го лишила од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом на бул. „АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана. Службеници од Одделот за Крим полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, стои во денешното соопштение од МВР, за време на претресот утврдиле дека лицето користи и друг стан на…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека во септември ќе го посети Западен Балкан, нагласувајќи дека инвестирањето во иднината на тој регион е инвестирање во иднината на Европската унија. – Пред крајот на месецот, ќе одам во регионот за да испратам јасен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување, рече Фон дер Лајен во својот говор за состојбата на Унијата. – Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината на Европа, додаде таа. Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, Фон дер Лајен рече дека ЕУ затоа ја зајакнува својата поддршка преку…

Read More

Венецуелскиот државен обвинител Тарек Вилијам Саб денеска покрена кривична постапка против опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за наводно преземање контрола врз компанијата Мономерос, која е подружница на државната хемиска компанија Пекуивен. Во својата објава на Твитер, државниот обвинител наведува дека лидерот на опозицијата е осомничен за „злоупотреба на моќта, велепредавство и криминален заговор“, како и „проневера на имот и учество во криминална група“. Националното собрание формирало привремен одбор на директори за државната хемиска компанија Пекуивен и нејзината „ќерка“-фирма Мономерос во март 2019 година. Претходно оваа година, венецуелски обвинители покренаа неколку случаи против претставници на опозицијата, вклучувајќи го и Гуаидо. Меѓу другото,…

Read More

На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции. Од МВР денеска соопштија дека од изречените мерки, 11 се за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање. – Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Read More

Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот на Самитот во 2003, меѓутоа Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба да се однесува земја што се граничи со овој период. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, најголем бенефит ќе имаат ако успее европската приказна – ќе добијат пријатели, предвидливост и сојузници, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Димитров, посочи дека на покана на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис денеска заминува на разговори…

Read More

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, застана во одбрана на играчот од средниот ред на „Црвените ѓаволи“, Џеси Лингард, чија грешка резултираше со пораз од Јанг Бојс со 1:2 во натпреварот од 1. коло од групната Лига на шампиони. – Ниту еден фудбалер не сака да греши, но тоа е дел од играта. Ќе учиме од ова, Џеси ќе учи од ова. Ќе се снајде и ќе биде подготвен до недела, кога играме со Вест Хем во Премиер лигата, го цитира Би-би-си, Солскјер. Во петтата минута од судиското надополнување на натпреварот против Јанг Бојс одигран вчеравечер, при резултат 1:1,…

Read More

Мозаик направен пред 3.500 години, е откриен во областа Јозгат – средишната Турција. Мозаикот, составен од 3.147 камења, а со површина – три на седум метри, е пронајден кај местото Усакли Хојуку во округот Соргун, каде што 2008 година почнаа површински истражувања и, ископувања во 2012 година, пренесува Агенција Анадолија. Се чини, се работи за историски најстариот мозаик пронајден досега. Според Хусеин Чифтчи, областен директор за култура и туризам, мозаикот е постар од оние откриени во Грција. Доц. д-р Анаклето Дагостино, од Универзитетот на Пиза и предводник на тимот за ископувања, смета дека мозаикот е од 16. век пр.н.е. Заедничките…

Read More

Штетите од екстремните метеоролошки појави во САД оваа година ќе изнесуваат повеќе од 100 милијарди долари. Тоа го изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на државата Колорадо. Тој претходно посети пожари во Калифорнија и Ајдахо, додека бури во други делови на земјата предизвикаа поплави и однесоа десетици животи. Тропската бура Николас ги погоди бреговите на Тексас и Луизијана вчера, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија во стотици илјади домови. Бајден го користи патувањето за да добие поддршка за планот за трошоци за инфраструктура, чија цел е справување со зголемената закана од климатските промени, јавија американски…

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата. Во годината кога Република Северна Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, пишува Заев, го славиме и големиот принцип – дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот. Според Заев, денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување. -Во нашата Република Северна Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за…

Read More

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кармело Ентони, го спореди соиграчот Леброн Џејмс со баба во италијански ресторан. -Тоа е како италијански ресторан. Доаѓаш во него, а таму баба, која веќе има 900 години, подготвува храна. Но, храната е неверојатна. Ова не значи дека баба е премногу стара за да готви. Ќе го вкусите она што таа го подготвила и ќе уживате. Имаме иста ситуација. Ние сме готвачи во кујната. Кога ќе ја вкусите нашата храна, ќе ви се допадне. Вака гледам на тоа, рече Кармело. Леброн Џејмс во декември ќе наполни 37 години, но и покрај возраста е еден од…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во…

Read More