Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Се уште е активен пожарот кај селата Дивље и Крушје во Петровец, и се шири кон ливади со сува трева, а изгаснат е оној кај селата Раовиќ и Буковиќ, како и кај Топлица во Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Согласно состојбата со пожарите до 8 часот, од ШС Караџица известија дека пожарот кај селата Дивље и Крушје е се уште активен и се шири кон ливади со сува трева. Тие известуваат дека ќе продолжат со гаснење во текот на денешниот ден. Пожарот вчера навлезе во атарот на селото Џидимирци во Велес. Денеска во раните утрински часови…
Полициски службеници од СВР Скопје вчера приведоа 20-годишно лице од Скопје поради кражба во куќа во Шуто Оризари. – На 11.08.2021 во 03.00 часот на ул.„Пелагонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје. По преземени мерки и активности било констатирано дека А.Ѓ. извршил кражба во куќа на К.Р. во Шуто Оризари, при што одзел пари и златен накит, кој го продал на друго лице од Скопје, а парите ги потрошил, соопшти МВР. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против…
Бугарскиот Парламент денеска ќе гласа за одлука за излез од комплицираната ситуација со номинацијата на Пламен Николов за премиер во име на партијата победничка на последните парламентарни избори – „Има таков народ“ и доделениот мандат од претседателот Румен Радев, а кој се повлече од номинацијата од лични причини, јавува дописникот на МИА од Софија. Одлуката е донесена по два последователни совети на координаторите на пратеничките групи во 46. Народно собрание. Како прва точка, бугарскиот Парламент ќе гласа за одлуката со која „мандатот за формирање влада од најголемата партија „Има таков народ“ е неуспешен. Според уставната процедура, втората по големина партија,…
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе очекува да го напушти тимот во август, пренесува „AС“. Според шпанскиот спортски весник, 22-годишниот Французин не планира да го продолжи договорот со тимот. Тој има лоши односи со спортскиот директор Леонардо. Се известува дека поради ова, преговорите за нов договор со играчот ги води претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој наскоро ќе се обиде да го убеди да остане во тимот. Се очекува самиот фудбалер да не се согласи со предлозите на Ал-Келаифи. Во тековната сезона 2021/22, Мбапе одигра еден натпревар и направи една асистенција. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 160…
Азербејџанското Министерство за одбрана денеска ја обвини Ерменија дека распоредила контингент од своите вооружени сили во зоната на одговорност на руските мировници во регионот Нагорно -Карабах, спротивно на важечките договори. „Во последните денови имаше случаи на распоредување на ерменски вооружени сили на територијата на Азербејџан, каде привремено се сместени мировните сили на Руската Федерација, со што се воспоставија нови воени позиции спротивно на трилатералниот договор од 9 ноември 2020 година“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан. Официјална Москва на 30 јули ги повика Азербејџан и Ерменија да се воздржат од акции што можат дополнително да ја…
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани. Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза…
Во моментов има три активни пожари на територијата на државата. Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај, каде што гори неколку дена, и е префрлен и на дел од ловиштето Јасен. Со намален интензитет е пожарот кај селото Дивље во Петровец – местото Крушје, а гори и кај селото Топлица, информираше помошник раководителката на секторот за операции и координација при ЦУК, Марија Милкова. Како што посочи Милкова на денешната прес-конференција, согласно состојбата со пожарите до 11 часот, активен е пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ, и таму интервенира и хеликоптер на Армијата. Пожарот се држи под контрола, да не…
Моментално серверот се подготвува за да може да поддржува и видео проекција во реално време да може точно да се види што се случува на терен. Во делот на координацијата, системот овозможува на заедничката мапа точно да ги видиме сите институции во реално време каде се наоѓаат и нивните претпоставени да ги координираат. Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот.…
Германските власти уапсија вработен во британската Амбасада во Берлин под сомнение дека шпионирал за Русија, сооопшти германското Обвинителство, пренесе ДПА. Случајот може да внесе дополнителни тензии во односите меѓу Берлин, Лондон и Москва. ДПА јавува дека британскиот државјанин, идентификуван како Дејвид С, бил уапсен вчера во Потсдам, а е осомничен дека од лани „успеал барем во една прилика да испрати документ до претставник на руските разузнавачки служби, што го добил за време на извршувањето на своите должности во амбасадата“, се наведува во соопштението. Тој за пренесената информација добил „неодреден износ пари“, соопшти германското Обвинителство, дополнувајќи дека апсењето било резултат на…
Во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен вчера во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект што граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи. – Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.
Државната изборна комисија информира дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите. Во ДИК вчера пристигнале претставници на компанијата „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување. По ова, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема, за што од ДИК најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста.
Доколку дојдеме на ред да добиеме мандат, ќе го предложиме за премиер Даниел Митов и веднаш ќе го вратиме мандатот. Ова е единствениот чекор што се однесува до нас, изјави претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесува бугарската телевизија НОВА. Според него, невидената уставна криза во која претседателот Румен Радев ја втурнал земјата заедно со, како што вели, марионетските партии, го достигнала врвот. „Јавно ќе го претставиме нашиот состав за Влада, за луѓето да можат да го споредат она што го нудиме во споредба со предлозите на останатите“, рече лидерот на ГЕРБ. „Како што веќе наведовме, сакаме да останеме далеку од…