Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот Парламент денеска ќе донесе одлука за кризата со понудената, па повлечена влада на ИТН

0
By НОВА ТВ on August 12, 2021 РЕГИОН
Фото: novinite.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 10:00

Бугарскиот Парламент денеска ќе гласа за одлука за излез од комплицираната ситуација со номинацијата на Пламен Николов за премиер во име на партијата победничка на последните парламентарни избори – „Има таков народ“ и доделениот мандат од претседателот Румен Радев, а кој се повлече од номинацијата од лични причини, јавува дописникот на МИА од Софија.

Одлуката е донесена по два последователни совети на координаторите на пратеничките групи во 46. Народно собрание.

Како прва точка, бугарскиот Парламент ќе гласа за одлуката со која „мандатот за формирање влада од најголемата партија „Има таков народ“ е неуспешен. Според уставната процедура, втората по големина партија, ГЕРБ, треба да добие мандат за формирање влада. Нејзиниот лидер, Бојко Борисов, најави дека ќе го земат мандатот и ќе го предложат заменик -претседателот на партијата Даниел Митов за премиер, а потоа веднаш ќе го вратат до претседателот Румен Радев.

Повеќето лидери на другите парламентарни партии, со исклучок на ГЕРБ и ДПС, се надеваат дека претседателот Румен Радев мандатот ќе и го предаде на БСП или „Исправи се“ за тие да формираат влада што ќе функционира до мај 2022 година, кога би се одржале нови парламентарни избори.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ рече дека нема да го поддржат БСП да го добие третиот мандат, со што станува јасно дека би сакале да биде предаден на „Исправи се“. Пред Народното собрание стои важна задача за тоа кога да се закажаат претседателските избори. Според законите во Бугарија, претседателот на земјата може да го распушти Националното собрание доколку има уште три месеци пред нивното одржување. Локалните набљудувачи не ја исклучуваат можноста за предвремени парламентарни и редовни претседателски избори во Бугарија на крајот на октомври.

ИТН Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.