Author: НОВА ТВ

Седницата на бугарското Народно собрание оваа среда требаше да започне со гласање за новиот состав на Владата, предложен од партијата на Слави Трифонов. Меѓутоа, тоа нема да се случи, бидејќи вчера лидерот на „Има таков народ“ објави дека нивниот предлог воопшто нема да го постават за гласање на дневниот ред на седницата. Па така, за само четири и пол месеци, партијата на Трифонов предложи тројца кандидати за премиер, од кои двајца дури добија и мандат за формирање влада од страна на претседателот на државата, Румен Радев. Но, на крајот „Има таков народ“ не успеа да формира Влада, притоа обвинувајќи ги…

Read More

Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти Министерството за одбрана. Од Министерството посочуваат дека помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина. Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на…

Read More

Речиси десет дена буквално сите државни капацитети се ставени целосно во служба на справувањето со пожарите, а Армијата и нејзините припадници покажаа дека секогаш и секаде се први да одговорат на барањето на граѓаните и на државата, да се вложат со целиот капацитет, со целото знаење со целата нивна опрема за да спасат прво човечки животи, а потоа да ги спасат и материјалните добра и природните добра на државата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. – Ангажирани беа и се уште се, сите капацитети на Армијата, човечкиот потенцијал и нашите воздухоплови за кои во ниту еден момент практично немаше…

Read More

Лионел Меси веќе е на пат за Париз каде треба да ги мине лекарските прегледи и да го потпише двегодишниот договор со ПСЖ. Платата ќе му биде 35 милиони евра по сезона, исто толку ќе добие бонус при самиот потпис. Аргентинецот ќе игра во ПСЖ во наредните две години откако стана јасно дека не го продолжува договорот со Барселона, но за разлика од неговиот татко, Лео беше мирен при пристигнувањето на аеродромот и не испрати никаква порака кон присутните новинари кои побараа одредени одговори. „Да“, одговори Хорхе Меси, таткото на Лионел на прашањето дали Меси потпишува за ПСЖ, по што…

Read More

Од Министерството за здравство за прва доза располагаат со 80.000 дози Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер, а секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер. Министерството за здравство информира дека поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид. Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа утре се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров. Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто. Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените…

Read More

Тоа ќе биде многу мала група на луѓе која ќе се посвети исклучиво да им помогне на домашните компании со сета она администрација, документи кои што ќе им бидат потребни на НАТО пазарот, рече Шекеринска. Во Министерството за одбрана наскоро ќе почне со работа Центарот за поддршка на домашни компании за настап на НАТО пазарот, кој што се формира по членството на државата во Алијансата и по измените на Законот за тендери во одбраната, и ќе има за цел да им помогне во тој процес, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција во Центарот за обука на пилоти во…

Read More

Од кумановската болница велат дека проблем со овој летен бран е што и многу здравствени работници користат годишен одмор Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од вирусот Ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните. Речиси сите се на кислородна поддршка, бидејќи, како што појаснија лекарите, хоспитализирани се пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија. – Со оглед на тоа што инфективниот оддел нема многу соби, а доаѓаат пациенти со друга симптоматологија, од утре ќе ја отвориме и модуларната болница. Ако…

Read More

87-годишниот скопјанец бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Полициски службеници вчера на улица „Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода 87-годишниот скопјанец Х.Р., поради сомнеж дека предизвикал пожар во близина на „Француски гробишта“ на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Од МВР додадоа…

Read More

Се очекува овие кризи да бидат почести и посериозни, додека планетата се загрева. Глобалното затоплување над 1,5 степени ќе биде катастрофално за пацифичките островски земји и може да доведе до губење на цели држави поради зголемувањето на нивото на морињата во текот на овој век, предупредија експертите. Лидерите на земјите од Пацификот, вклучително и австралискиот премиер Скот Морисон и премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, учествуваа во петокот на видео состанокот на лидерите на Форумот на пацифичките острови, каде што заедно со експерти во оваа област разговараа за последиците од климатските промени, пишува Гардијан. Според новиот извештај на Гринпис, овој…

Read More

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Северна Македонија во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград. -Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Северна Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија, кажа Вулин. Тој посочи дека е многу загрижен за…

Read More

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, пет литри на квадратен метар наврна во Лазарополе, а три во Дебар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од УХМР потсетуваат дека времето денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер над 60 километри на час од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Сончево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе…

Read More