Author: НОВА ТВ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓани.    Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано…

Read More

Повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата и зајакнати мерки за следење на наплатата на концесиски надоместоци со јасни и прецизни услови за достава на финансиска гаранција која би покрила настанати штети, доколку концесионерот не го рекултивира земјиштето кое што е деградирано со експлоатацијата, предвидуваат измените и дополнувањата на Предлог на Законот за минерални суровини, што на вчерашната седница ги усвои Владата на предлог на Министерството за економија. Измените, како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, се во согласност со Зелената агенда на Владата и…

Read More

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: – Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во текот на денот. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните…

Read More

Компанијата „Блу Скај инвесмент“ е согласна во целост да го преземе постојниот договор, со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, со што со тоа официјално го презема раководењето со клубот. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција по повод преземањето на клубот, истакна дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност, како што нагласи, успеале да обезбедат извесна иднина за клубот, како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Шилегов дополни дека новиот инвеститор ја презема…

Read More

Бизнисмени од Србија, од Северна Македонија и од Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател отпатува во Скопје со преставници на над 200 компании, јави дописникот на МИА од Белград. – Србија, Албанија и Северна Македонија ќе отворат нова ера на економска и политичка соработка по големиот деловен форум што утре во Скопје ќе собере околу 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на…

Read More

Македонскиот игран филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус филмс“, е добитник на главната награда на годинашната програма „Ворк ин прогрес“ (филмови во изработка) на Интернационалниот филмски фестивал во Пула. Во конкуренција со уште десет селектирани меѓународни филмски проекти во фаза на постпродукција, филмот беше успешно презентиран од продуцентот Дарко Попов. Реномираното интернационално жири, во состав Сајмон Пери, британски продуцент; Вања Калуџерчиќ, уметничка директорка на ИФФ Ротердам; и Хавиер Анри Рашид, сопственик на агенцијата за продажба на филмови „Филм рипаблик“, одлучи наградата за постпродукциски услуги во вредност од 12.000 евра да му ја додели на македонскиот…

Read More

Формула 1 потпиша договор за одржување на Големата награда на Катар во 2021 година, објави британскиот новинар Џо Садсворд. Гран-при Катар технички ќе го заземе местото на откажаната Гран-при на Австралија во натпреварувачкиот календарот. Во исто време, Ф1 и организаторите сè уште не го утврдија точниот датум на трката. Најверојатно е дека Гран при Катар ќе стане една од последните трки во сезоната и ќе се одржи во еден блок со трки во Саудиска Арабија и Абу Даби. Трката ќе се вози на автодромот „Лосаил“ во Доха л во Доха, каде што се одржува „MotoGP“.

Read More

Како регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава, денеска беа одбележани активностите за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција. Министерот за правда, Бојан Маричиќ рече дека овој мониторинг ќе помогне на македонското да стане европско судство. -Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во…

Read More

Доста ни е од затвореност, корупција, сива економија и ефтина работна сила. Не сакаме веќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми. Бараме да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во имплементацијата без оглед на отпорот на конзервативните сили, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески во кусото интервју за МИА по повод утрешниот Економски форум за регионална соработка што ќе се одржи во Скопје. Азески во интервјуто оценува дека е неопходно регионот што…

Read More

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска и утре е во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама, во рамки на иницијативата за соработка позната како „мини Шенген “. За време на престојот во Скопје, Вучиќ ќе учествува со премиерите Заев и Рама на Економскиот форум за регионална соработка организиран од Стопанските комори на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија. Вучиќ минатата недела соопшти дека на регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“, дека ќе бидат потпишани три договори и дека на…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден во говор пред разузнавачките служби, ја обвини Русија за ширење „дезинформации“ со цел да влијае на изборите што ќе се одржат во САД во 2022 година, – Погледнете што Русија веќе прави со изборите и дезинформациите во 2022 година. Тоа е очигледно кршење на нашиот суверенитет, рече тој при посетата на Националната разузнавачка канцеларија во близина на Вашингтон, повикувајќи се на разузнавачките информациите што ги добива секојдневно за оваа тема. Американскиот претседател го нападна и својот руски колега Владимир Путин. – Рускиот претседател „има голем проблем, тој води економија која има нуклеарно оружје, нафтени ресурси и…

Read More

Директорот на Светската програма за храна (World food programme), Дејвид Бизли, изјави дека Агенцијата на Обединети нации во етиопскиот регион Тиграј в петок ќе остане без храна. Стотици илјади луѓе во Тиграј се соочуваат со глад, во услови на најтешка хуманитарна криза во светот во изминатата деценија. – Околу 170 камиони со храна и други резерви се заглавени во соседниот регион Афар, и тие мора да можат веднаш да поминат до Тиграј, објави Бизли на Твитер. Тој додаде дека сто камиони со таков товар се потребни за еден ден во Тиграј. – Луѓето гладуваат, наведе Бизли. Се поголем е меѓународниот…

Read More