Author: НОВА ТВ

Милвоки рано утрово на домашен терен го победи Феникс со 109:103 во четвртиот натпревар од финалето на НБА. Бакс го израмни резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи. Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер од Феникс со 42 поени. Во победничкиот тим се истакнаа Крис Мидлтон со 40 поени и Јанис Адетокунбо со 26 коша, 14 скока и осум асистенции. Следниот натпревар ќе се одржи на 18 јули на теренот на Феникс.

Read More

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел пренесе дел од одговорноста за   економската криза што предизвика големи демонстрации на владата на таа земја и ги повика Кубанците да не реагираат бурно. Дијаз-Канел, кој претходно ги обвинуваше САД за протестите, за првпат зборуваше со критики за кубанската влада во телевизиско обраќање. На демонстрациите, најголеми на Куба во последните неколку децении, илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата да изразат незадоволство од недостиг на храна, зголемувањето на цените и прекинувањето на електричната енергија, а некои повикуваат на промена на владата. Полицијата уапси десетина демонстранти. „Треба да научиме лекција од немирите. Треба да направиме и критичка…

Read More

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува девет. Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени. До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 2.798 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 9, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–29, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-169, Биотек-147,…

Read More

На Република Македонија и треба единство, не разединување. ВМРО-ДПМНЕ понуди резолуција за единство, СДСМ бара причина за разединување, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Тој додадед дека Извршниот комитет на партијата останува на предложениот концепт за единство на сите политички партии, зад текстот кој е создаден и напишан од, како што вели, врвните научни, образовни и општествени институции МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. -Не би сакале да веруваме дека зад одлуката на СДСМ стои оставање на простор за пазарење со националните и државните интереси од највисок интерес, идентитетот, јазикот и националната засебност на македонскиот народ, кажа Муцунски. Тој вели дека структурата…

Read More

Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Тој кажа дека на традиционалната црвена основа се обединети симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот код „МК“ и бројката „30“. -Логото ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период. Во рамките на петтиот пакет мерки беа поддржани проекти на индустријата за…

Read More

Турција очекува од Северна Македонија да и бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години. – Во изминатите четири години зголемен е бројот на барањата за депортирање и екстрадиции до властите во земјава. Вкупно за 86 лица се бара депортирање од земјата, за 20 од нив се бара екстрадиција. Сите овие барања се испратени до надлежните на Северна Македонија, но засега не е преземен чекор во оваа насока, изјави турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет…

Read More

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против четири лица до Основниот кривичен суд Скопје. Како што соопшти Јавното обвинителство, при спроведување постапка за јавна набавка, обвинетите како соизвршители ја искористиле својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за економскиот оператор од Република Кина. Обвиниетите незаконски го фаворизирале и со него склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот во износ од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра. По три неуспешни постапки за…

Read More

Ќе се донесе нов закон за градење за кој веќе е изработена нацрт-верзија и во тек се консултации со стручната јавност. Во него, меѓу другото, се предвидува скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување обединета постапка за сите видови акти, укинување на прекумерниот број позитивни мислења и согласности за градење, како и категоризација на сите градби. Потребата од донесување на нов закон, како што денеска изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, произлегува од фактот што актуелниот е менуван повеќе од 30 пати и што одредбите во него реално прават проблеми во сите постапки на…

Read More

Предлозите на Владата преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните се нехумани, против законски и  дискриминаторски сметаат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ. Владата, нагласуваат од УПОЗ, е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори и сметаат дека ваквите предлози доаѓаат како одговор на нивното барање…

Read More

До петок ќе се задржи сончево и многу топло време, а од викендот се најавува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање. До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со ма а локална облачност.…

Read More

Од утре, 09:00 часот, почнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4”. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена. Како што соопшти Развојната банка, за кредит со можност за грант компонента до 50 отсто, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста на угостителството, транспортот, туризмот и ивент индустријата; приватни здравствени установи (ПЗУ), трговци-поединци (ТП) и занаетчии од сите дејности. Субјекти кои користеле средства од Мерка 1 од петтиот сет економски мерки за финансиска поддршка на плати за февруари и март од Управата за јавни…

Read More