Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
По никаков начин не можам да ве засакам, со целото малтретирање и рекет врз нас, апсевте, приведувавте, уништувавте, вклучително и денеска и вчера продолжувате да ги повикувате луѓето и да ги прашувате за кого гласале. Направете влада, преземете одговорност, управувањето со земјата не е шоу, изјави на брифинг лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. -Веднаш ќе го вратиме мандатот доколку ни биде даден. ГЕРБ ќе биде силна опозиција. Формирајте си Влада и работете, рече Борисов. Тој повторно упати критики до Слави Трифонов и членовите на „Има таков народ“. За ситуацијата обвинуваше и други политичари како што е Христо Иванов, претседателот на…
Државниот завод за статистика го објави Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони, со цек, како што велат оттаму, навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука. -Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите…
Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани. На новинарско прашање во однос на системот One stop shop, Спасовски посочи дека според најавите овој систем ќе се унапредува, бидејќи договорот предвидува контрола и на македонската и…
Веќе размислуваме како ќе функционираме од есенските месеци, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека активно се спроведува вакцинација во сите вакцинални пунктови, во салите се одвива ревакцинација, а пак во здравствените домови се спроведува вакцинацијата без закажување, како и теренската вакцинација, со која се олеснува пристапот до вакцините на жителите од руралните места. -Околу 30% од вкупниот број вакцинирани, изминативе два дена, се вакцинирани преку теренската вакцинација и тој систем ќе продолжи и понатаму. Околу 430 илјади граѓани се веќе вакцинирани, а 250 илјади се ревакцинирани, изјави Филипче. Тој додаде дека првичните анализи покажуваат дека прилично висок…
Малта се откажа од своите планови да ги затвори границите за невакцинираните луѓе. Наместо тоа, тие ќе бидат ставени во карантин, објави АФП. „Луѓето кои ќе пристигнат на Малта без потврда за вакцинација ќе треба да бидат ставени во карантин“, соопшти владата, без притоа да се прецизира колку денови ќе трае карантинот за невакцинираните. Патниците кои пристигнуваат во медитеранската островска држава од земји оценети како високоризични, мора да останат во изолација 14 дена, додава АФП. Во петокот, владата на Малта соопшти дека од денеска ќе ги затвори границите за луѓето кои не биле вакцинирани против Ковид-19, со цел да се запре…
Имаме летен период во кој на вака високи температури многу лесно може да дојде до опожарувања, коишто, за жал, можат да завршат фатално. Затоа, апелирам до секој еден граѓанин, посебно во руралните средини, да се однесуваме сосем одговорно, бидејќи, одговорното однесување значи внимавање да не дојде до опожарување и на поседите што ги имаме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој посочи дека сега е период на жетва по кој луѓето честопати ги палат остатоците по нивите и тоа може да предизвика сериозни последици, а не помалку штетно, како што рече, е и палењето во шума. Во однос на…
Европската фудбалска асоцијација ги осуди расистичките навреди кон играчите на Англија по поразот од Италија (1:1, 2:3 на пенали) во финалето на Евро 2020. – УЕФА остро ја осудува грозоморната расистичка злоупотреба на неколку играчи на Англија на социјалните мрежи по финалето на Евро, кои немаат место во фудбалот или општеството. Ние ги поддржуваме играчите и ја повикуваме Англиската фудбалска асоцијација да изрече најстроги казни, објави УЕФА на Твитер. На 12 јули, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја пријави злоупотребата. Подоцна стана познато дека овој инцидент го истражува лондонската полиција. Финалето се одигра во Лондон на стадионот „Вембли“. Изведувачите на…
Сведокот Александар Василевски – Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „Џејмс Бондовски” сценарија. Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ до исказ. – Прв исказ кој Нинџа го има дадено пред ОЈО ГОКК е на 14.06.2018 година по неговото пријавување од бегство. Тоа е најсвеж исказ на овој сведок и судско правило дека овој исказ има најголем кредибилитет. На прашање на одбраната зошто во неговинот…
По големиот број пријави од граѓани, вчера Државен инспектор за животна средина (ДИЖС) во присуство на раководителот на инспекторатот на Град Скопје изврши детална проверка на погоните во Титан Цементарница Усје, за откривање на причините за емисиите на прашина, кои се случија во изминатиот ден. По проверката беше утврдено дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер, при што се случило истекување на материјал од циклон во текот на интервенција за негово одглавување. Од ДИЖС информираат дека се настанати фугитивни емисии на прашина, што содржат варовник и лапорец, суровини што се користат за производство на клинкер.…
Новиот селектор Драган Бајиќ денеска официјално ја презеде македонската сениорска кошаркарска репрезентација и најави подмладување. – Просечната возраст изнесува околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината. Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам. Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и пат за во иднина за да успееме да се вратиме на големите натпреварувања. Од моето назначување, се обидов да ги следам сите…
Во последните 24 часа се направени 1.749 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 3 и Скопје – 2, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Велес – 2, Скопје, Прилеп, Тетово и Пехчево- по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 1.749 тестови преку: ИЈЗ-27, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-143, Авицена-75, Биотек-93, Систина-48, лабораторија Лаор-0, Синлаб-52, Ремедика-0, Плодност–0,…
На покана на Фондацијата Андреас Папандреу во соработка со регионот на Атика и градот Атина, од денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествува на меѓународен симпозиум Сими, кој по 23-ти пат се одржува во Грција. Како што соопшти СЕП, на првиот панел на кој учествуваше Димитров, насловен „Што е иднината на Европа без Балканот?“ вицепремиерот Димитров се осврна на актуелните предизвици во пристапниот процес на Северна Македонија и влијанието врз политиката на проширување и кредибилитетот на Европската Унија. -Драстичниот случај на Северна Македонија покрена сериозна загриженост за влијанието и кредибилитетот на ЕУ во регион чијашто иднина природно е да…