Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски голем турнир. Шести пат го крена трофејот на Вимблдон откако во финалето го победи Матео Беретини. Тој славеше со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3 и ја освои 20. грен слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Претходно годинава, Ѓоковиќ ги освои и Австралија Опен и Ролан Гарос. Српскиот тенисер му оддаде признание на Италијанецот за добрата игра и раскажа интересна приказна. -Ова беше повеќе од битка. Честитки до Матео на одличниот турнир, а и денес навистина тешкиот меч, кажа Ѓоковиќ. Тој додаде дека победата на Вимлбдон му бил најголем сон…
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) продолжуваат со засилени едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли на сообраќајната полиција, се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот на прво место“, „Не го потценувај заморот. Вози одморен! “, „Не вози под дејство на алкохол“, „Намали ја брзината, затоа што брзото возење изнудува грешки кои завршуваат фатално!“, се дел од пораките кои МВР и РСБСП овој викенд ги упатуваа до учесниците во сообраќајот во Битола со цел подигање на свеста за важноста и…
Лидерите на Кина и на Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Џонг-ун ветија дека ќе ги подигнат односите меѓу двете земји на „ново ниво“, по повод 60-годишнината од Договорот за заемна одбрана. Двајцата лидери ветија дека ќе ги зајакнат пријателските односи, разменувајќи пораки по повод 60-годишнината од билатералниот Договор за одбрана, објави Раша тудеј (РТ). Блиските врски меѓу народите „добиваат интензитет“ во последните години, откако „сеопфатно се развија на повисоко ниво во сите области, вклучително и во политиката, економијата, војската и културата“, истакна Ким. Билатералниот договор одигра клучна улога во обезбедувањето мир и стабилност во Азија против „непријателските сили“ во…
На 11.07.2021 во 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница, информира МВР. Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци. Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската…
Крај на пандемијата не се вакцините туку самиот процес на вакцинација, затоа Министерството за здравство почнувајќи од утре вакцината за Ковид-19 ја направи достапна за секој граѓанин, без разлика во кое место од државата живее, информираат здравствените власти. Од Министерството додаваат дека процесот за теренска вакцинација е организиран, а здравствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локани медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот , во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација. Теренската вакцинација започнува утре во овие населени места во секоја од следните општини: Делчево…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју на Еуроњус кажа дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот кој интервјуто го даде за време на неговата дводневна посета на Тирана, додаде дека двете земји работат заедно да ја зајакнат соработка во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо. – Се согласивме да ги ажурираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата, и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството. Размислуваме како да се зајакне соработката помеѓу нашите Академии за судии и јавни обвинители и…
Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО. Седницата, како што информираат од Министерството за култура, е посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО и на средбата ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер…
Цели 3 години СДСМ Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Тоа е СДСМ. Најпрвин префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека одлуката, односно препораката, за „третата доза вакцина“ против коронавирусот ќе биде сооппштена до 1 август, јави дописникот на МИА од Белград. – Националното тело за имунизација спроведува студија, ги следи производителите на вакцини и нивните студии во врска со третата доза. До 23 јули, тие ќе го дадат своето мислење за третата доза на Кризниот штаб, а штабот до 1 август ќе донесе препорака за граѓаните, изјави Брнабиќ за ТВ Прва. Таа додаде дека се следат студиите за производителите, како и препораките на Светската здравствена организација, но и дека српските експерти ќе ги презентираат своите студии.…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 184. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)…
Папата Франциск денеска се појави во јавност за првпат по операцијата на дебелото црево минатата недела и ги поздрави собраните верници од балконот на болницата. Папата (84) успешно закрепнува по извршената операција на 4 јули, соопшти Ватикан. Според локалните медиуми, неговиот глас звучел малку ослабен додека ги поздравувал собраните пред поликлиниката „Џемели“. – Во голема мера ја чувствувам вашата блискост и поддршка во вашите молитви, им порача папата Франциск на луѓето што му посакаа закрепнување. Минатата недела на папата му беше отстранет дел од дебелото црево поради тешка „дивертикуларна стеноза“, односно стеснување на дебелото црево.
Македонските атлетичари Сенад Рамадани и Леонид Вандески го завршија настапот на Европското првенство до 23 години што за нив ќе биде од големо искуство во натамошниот тек на кариерата На Европското првенство за атлетичари до 23 години што денеска завршува во Талин, Рамадани настапи на трките на 200 и на 400 метри, додека Вандески настапи на 3.000 метри стиплчес. Дваесетгодишниот Рамадани трката на 200 метри ја заврши со од 22.96. секунди, додека на патеката на 400 метри постигна време од 51.82 секунди Вториот македонски претставник Вандески на трката на 3.000 метри стиплечс оствари време 9:48.69 минути.