Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Аргентина го освои првиот трофеј на големите натпреварувања по пауза од 28 години, совладувајќи го Бразил со 1:0 (1:0) во синоќешното финале на Копа Америка на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро. Голот на одлука го постигна Анхел Ди Марија во 22 минута. Бразил во второто полувреме, кое донесе возбудлив фудбал, тргна во целосна офанзива, но ниту со пет напаѓачи на теренот не успеа да ја анулира предноста на противникот. Победата и ја донесе вкупно 15-та титула на Аргентина на Копа Америка со што Гаучосите се израмнија со Уругвај. Најдобар стрелец на завршниот турнир со четири голови е аргентинскиот капитен Лионел Меси,…
Новата кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка е насочена кон економско закрепнување на малите и средните претпријатија во земјава. Таа ќе им помогне на компаниите да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето, вели заменик-претседателката на ЕИБ за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА. – Со оваа операција ќе се решат и празнините во ликвидноста и краткорочните потреби од капитал, како и долгорочните инвестиции на бизнисите во Северна Македонија, што ќе им помогне да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето. Ова е дел од…
На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека околу 45 до 60 минути, а на премините Богородица и Блаце, за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните…
Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 години. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во тек на вчерашниот ден е извршена теренска вакцинација во Специјалниот завод Демир Капија, при што вакцина против Ковид-19 добија лицата со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Прва доза во овој завод добиле…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР и додаваат дека околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а…
Пожарите кои беснеат во северна Калифорнија ги натераа властите во Невада да ги евакуираат луѓето што живеат во пограничната област, од каде се гледаат пламени на врвовите на блиските планини. Огнениот бран, кој беше создаден со спојување на два пожара од различни насоки, сега е насочен кон областа северо-источно од шумскиот регион на Сиера Невада и не губи по интензитет, јавија локалните медиуми. Во овој дел на Америка во текот на целиот викенд се очекуваат високи температури, а целиот регион е во зона на висок воздушен притисок. Во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија вчера беше регистрирана неверојатна температура од 54,4 степени Целзиусови,…
Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во финалето на „Вимблдон“ ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 6:3, 6:7, 6:3. За 25-годишната Австралијка ова е втора Грен слем и 12-та титула. Таа првиот Грен слем трофеј го освои на Ролан Гарос во 2019. – Ми се исполни сонот да го освојам Вимблдон. Се чувствувам неверојатно. Не ни можев да замислам дека ќе бидам волку среќна, изјави Барти. Таа стана 10-та тенисерка во историјата на Опен ера што освоила две Грен слем титули. Барти исто така стана првата шампионка на Вимблдон од Австралија по Ивон Гулагонг која победи во 1980 година.…
Денеска заврши воената вежба на Украина и НАТО во Црното Море, во која учествуваа десетици воени бродови и авиони. Двонеделната вежба требаше да ги покаже силните одбранбени врски меѓу Украина и НАТО по инцидентот во јуни меѓу руската армија и британскиот разурнувач во близина на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година. Околу 30 воени бродови и 40 авиони на НАТО и украински членки беа дел од вежбата „Морски ветар 2021“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека внимателно ја следи вежбата. Во исто време, руската армија спроведе паралелни вежби во Црното Море и во југозападниот дел на Русија.…
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека кај децата од Гевгелија со симптоми на респираторна инфекција е утврдена обична вирусна инфекција, која нема никаква поврзаност со Ковид -19 посочувајќи дека e утврдено оти ниту едно од педесетте деца немало антитела на коронавирусот. Филипче потенцира дека зголемениот број случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата. – Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и…
На 10.07.2021 година во 14.30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид – Подмоље – Кичево во близина на Св. Еразмо. Локалните медиуми пренесуваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а тројца се повредени. Двајца од нив се пренесени во Специјализираната болница Св. Еразмо во Охрид. Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек. Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга
Играчот за врска Франк Рибери го прокоментира заминувањето од Фиорентина поради истекот на неговиот договор. – Поминав две прекрасни години во Фиренца. Жал ми е што заминав, сакав да останам тука уште една сезона. Го дадов максимумот на натпреварите за Фиорентина, но никој не разговараше за новиот договор со мене. Очекував повеќе респект од раководството на клубот од Фиренца, изјави 38-годишниот Рибери за „Фудбал Италија“. Минатата сезона Французинот одигра 30 натпревари, на кои постигна два гола и направи шест асистенции.
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања во Виница рече дека многу инвестиции се во тек и оти во финализација се проекти во вредност од над осум милијарди евра. – Во Владата, во Парламентот и низ институциите буквално се тркалаат во финализација проекти во вредност од над осум милијарди евра, најголем дел се приватни инвестиции, јавни и приватни партнерства, концесии и државни проекти. Дел од тие проекти веќе ги пуштаме во употреба, изјави Заев. Во делот на инвестициите, ја спомена фабриката за обработка на отпад што треба да се гради во Неготино која ќе покрива 48 општини, потоа изградбата…