Author: НОВА ТВ

Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат ја почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19. На сметките на производителите на тутун од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини. -Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун…

Read More

Христијан Мицкоски треба да собере храброст да одговори пред граѓаните точно и директно: каква е неговата поврзаност со скандалот „криминални парцели“? На површина, во јавноста излегуваат нови докази околу овој скандал и сите водат до Белиот дворец, до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу Мицкоски, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објавувајќи нови документи. -Телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор, на крајно сомнителен начин продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево. Договор е вреден неверојатни 500.000 евра. Но, замислете, парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како…

Read More

Неспорно е новото стабилно мнозинство во Парламентот и тоа ќе биде објавено наредната недела, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција во Скопје со австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт. Според него, најважно е што Република Северна Македонија не дозволи да биде дел од проблемот, бидејќи не успеа обидот од пред неколку денови земјава да влезе во политичка нестабилност и да стане дел од проблемот, а не дел од решението, односно и таа да има дел од вината за не изнаоѓање на решение и за не започнување на преговори – Новото стабилно мнозинство е…

Read More

Според најновиот индекс за безбедност на новинарите кој се изработувал во земјите од регионот Република Северна Македонија споредбено со седумте земји од Западен Балкан покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници. Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост на напаѓачите кон новинарите. Од тие причини, ЗНМ континуирано инсистира на посебни одделенија во кривичниот суд и обвинителството за зголемување на ефикасноста во заштитата на правата на новинарите. Бројот на напади во споредба со претходната година во 2020 година е зголемен а повеќе од половината се…

Read More

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување на изборен материјал“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(67) од струшкото село Октиси. Тој, на 17.10.2021 година околу 14 часот, за време на одржување на „Локални избори 2021“, откако го остварил своето гласачко право на избирачко место во селото, го искинал гласачкото ливче и го фрлил до гласачката кутија.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг наскоро може да го напушти тимот од Лондон. Според „Transfer Market Web“, за играчот од нападот се заинтересирани Манчестер сити и Барселона. Двата клуба сакаат да го купат Обамејанг во претстојниот симски преоден рок. Претставници на Манчестер сити веќе стапиле во контакт со Арсенал за евентуален трансфер. Договорот на 32-годишниот Габонец со „Топџиите“ е пресметан до летото 2023 година. Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра.

Read More

Зголемувањето на цените на недвижностите и финансиските пазари, преземањето инвестициски ризици и зголемениот број заеми се закануваат да ја поткопаат стабилноста во еврозоната, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ). Додека економското закрепнување по кризата со коронавирусот имплицира компромисни решенија, има се повеќе ранливи точки чие акумулирање потенцијално би имало тешки последици на долг рок, се вели во соопштението на банката со седиште во Франкфурт. Еврозоната, која вклучува 19 земји, нагло закрепнува од последниот финансиски извештај на ЕЦБ во мај. Нејзиниот пазар на капитал, во меѓувреме, почна да се насочува нагоре, преземајќи ризични сектори поради зголемената побарувачка на инвеститорите, пишува Блумберг. ЕЦБ…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со клубот. Актуелниот договор на Ибрахимовиќ истекува на крајот од оваа сезона. Според „Football Italia“ новиот договор ќе важи до јуни 2023 година. Се дознава дека пред да започне преговори со шведскиот напаѓач, Милан планира да потпише нови договори со Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер. По 12 кола во Серија А, Милан е на второто место со 32 освоени бода колку што има и лидерот Наполи.

Read More

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 11:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Франце Прешерн“ од број 60 до број 100 во населба Влае, Општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ (објектите во околината на Агенција за станбен и деловен простор), Општина Центар. Во периодот од 13:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците…

Read More

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски за утре го најавува почетокот на шестата и последна фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Од општината информираат дека реконструкцијата на оваа улица, поделена во шест посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни и целиот зафат чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, овој капитален проект, кој го почна претходниот градоначалник на општината Саша Богдановиќ, има за цел да воведе ред во сообраќајот, да даде хумана димензија и да го врати препознатливиот лик на една од…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за историјата на мадридскиот клуб. – Реал е најпрестижниот клуб во светот со најголема историја. Има најголема база на навивачи, и ова е голема одговорност. Овој клуб 13 пати ја освоил Лигата на шампионите – никој друг не успеал. Сето тоа благодарение на вредностите и предизвиците што моравме да ги надминеме. Поради ова Реал е таму каде што е сега. Имав среќа да го тренирам овој клуб пред неколку години. Сега се вратив и повторно се обидувам да уживам во мојата работа, изјави Анчелоти на официјалниот сајт на мадридскиот клуб. Анчелоти беше тренер…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи е домаќин на Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија. Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со Претседателот, Стево Пендаровски, Премиерот, Зоран Заев и првиот заменик премиер, Артан Груби. Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен…

Read More