Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница. Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлуката. Тој, исто така, изрази надеж дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе…
Израелските населби во окупираниот Источен Ерусалим и окупираниот Западен Брег претставуваат воено злосторство, изјави американскиот специјален известувач на ОН за човекови права, Мајкл Линк, повикувајќи ги земјите да му покажат на Израел дека треба да сноси одговорност за „нелегалната окупација“. Известувачот на ОН за човекови права на окупираната палестинска територија зборуваше на седницата на Советот за човекови права на ОН, кој Израел го бојкотира и не го признава неговиот мандат, ниту соработува со него. – Заклучувам дека израелските населби претставуваат воено злосторство, истакна Линк. Тој нагласи дека населените места ја кршат забраната на окупаторот за пренесување на свое цивилно население…
Напаѓачот на Реал, Карим Бензема призна дека е горд на неговиот настап за клубот од Мадрид. Французинот е дел од „кралскиот клуб“ од 9 јули 2009 година откако се пресели од Лион. – Јас сум во мојот клуб од соништата веќе 12 години. Сè уште сум горд што сум дел од најдобриот клуб во светот. Приказната продолжува… – напиша Бензема на Инстаграм. За време на неговите 12 години во Реал, Бензема одигра 559 натпревари на сите натпреварувања, постигна 279 голови и направи 144 асистенции. Неговиот сегашен договор трае до 2022 година.
Ноќеска на крстосницата на Рузвелтова со Орце Николов, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси, пренесува ТВ21. Полициското возило веднаш по незгодата се превртело, додека кај такси возилото е предизвикана материјална штета. Превртеното полициско возило стоеше на тротоарот до утринава околу 8.30 часот, кога беше кренато со „пајак“.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) повторно ги осудува јавните дисквалификации како и непримерниот однос на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко кон новинарот од телевизијата Алсат М од Охрид. „На прес конференција која се одржа на 8ми јули градоначалникот Мерко наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со обвинувања од опозицијата а претходно и прашања околу изградбата на објекти кај автокампот Ливадиште, повторно вербално ги нападна новинарите. Тој го обвини нашиот колега дека работел за опозицијата со зборовите: „Знам дека и ти си Алијанса и твоето прашање не оди тука“ откако претходно му беше поставено новинарско прашање.“, соопштија од…
Дефанзивецот на Италија, Џорџо Кјелини, го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Хари Кејн пред финалето на Евро 2020 против Англија. – Ќе биде тешко, неверојатно тешко. Отсекогаш ми се допаѓала неговата игра. Се сеќавам на еден од неговите први натпревари во 2015 година за Англија – тогаш игравме во Торино. Дури и тогаш, тој ме импресионираше. Имав можност да играм против него на натпреварот против Тотенхем. Тој знае како да дејствува од длабочина, да испорачува топки, да продира. Постигнува голови со глава, со удари од далечина, неверојатен е, изјави Кјелини. Финалето на ЕВРО 2020 ќе се игра утре…
Врховниот суд на Република Северна Македонија, односно Советот за одлучување по жалби одбил шест жалби поднесени од судиите кој од почетокот на годината беа разрешени од Судскиот совет. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, во интервју за МИА, вели дека Советот за одлучување по жалби, на чии состаноци таа не учествува, од почетокот на годината постапувал по вкупно седум предмети, од кои за шест веќе има донесено одлуки. Од претседателката на највисокиот суд меѓудругото побаравме одговор дали ќе ги имаат предвид евентуалните последици со неодамнешното разрешување од Судскиот совет на судија во Основниот кривичен суд – Скопје, со оглед на…
Американскиот спортски порталот „Pickwise“ состави список на најомразени спортисти во светот во текот на изминатата година. Леброн Џејмс, кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс е на врвот на листата, откако во текот на последните 12 месеци доби над 122 000 негативни коментари на социјалните мрежи. На второто место е фудбалерот на Англија и Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд – 32.328 навредливи забелешки. Заокружувајќи ги најдобрите тројца е Том Брејди од американскиот фудбал – 28.151 негативни критики. Листа на првите десет: 1. Леброн Џејмс (кошарка) – 122 568 навредливи коментари 2. Маркус Рашфорд (фудбал) – 32 328 3. Том Брејди (американски фудбал) –…
Тропската бура Елза, проследена со поројни дождови и силен ветер, го погоди американскиот град Њујорк и Нова Англија. Невремето предизвика поплави на улиците и нарушување на сообраќајот, најмногу на железничкиот, како и откорнати дрвја. Бурата го зафати градот Њујорк, еден ден откако беа поплавени градските улици и метро станиците. Се очекува денеска бурата да донесе поројни дождови на брегот на сојузната држава Мејн, а потоа да ја зафати Канада.
Процесот на европска интеграција станува се помалку предвидлив. Поради тоа, да не се дозволи вакуумот во проширувањето да го пополнат трети сили, туку добри иницијативи за регионот. Состојбата на неизвесност на државите од регионот во поглед на членството во Унијата може да создаде превирања и ЕУ мора да најде начин да продолжи со процесот на проширување. Ова беа главните пораки на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на соработката и солидарноста“ во рамки на дводневната конференција на „Економист“ што се одржа вчера во Атина. За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград,…
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачост, а веќе околу пладне на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени. И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи…
Епицентарот на потресот бил кај Петриња, потврди за „N1“ сеизмологот Инес Иванчиќ. Земјотресот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Бановина во Хрватска. Според хрватската сеизмолошка служба, земјотресот се случил во 12:44 часот. Засега нема информации за предизвикана материјална штета и жртви. „Гласна детонација и силен удар“, „Долго не било вака“, пишуваат граѓаните на страницата „EMSC“. Хрватска минатата година ја погодија два силни земјотреси, на 22 март во Загреб и на 29 декември во Петриња каде беа оштетени илјадници куќи.