Епицентарот на потресот бил кај Петриња, потврди за „N1“ сеизмологот Инес Иванчиќ. Земјотресот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Бановина во Хрватска.

Според хрватската сеизмолошка служба, земјотресот се случил во 12:44 часот.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета и жртви.

Хрватска минатата година ја погодија два силни земјотреси, на 22 март во Загреб и на 29 декември во Петриња каде беа оштетени илјадници куќи.