Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи смета дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ Влада, повторно предводена од Зоран Заев, со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак вистинското прашање не е дали, туку кога оваа Влада ќе падне. Биљал Касами, претседателот на Движењето Беса, вчера потсети дека партиските органи одлучиле да останат дел од опозицијата. Тој не ја исклучува можноста за идна соработка ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, но категорично одбива да бидат дел од Влада во која би била и ДУИ.…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време, со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска им забрани на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, неговата сопруга и потпретседател Росарио Муриљо, како и на голем број министри и функционери да влезат во САД, велејќи дека тоа е направено поради нивното нарушување на демократијата. „Репресијата и злоупотребите на владата на Ортега и оние кои го поддржуваат ги принудуваат САД да дејствуваат“, наведе американскиот претседател во текстот објавен по контроверзните избори во Никарагва на 7 ноември, на кои Даниел Ортега беше реизбран за претседател со четврти мандат. „Одлучив дека е во интерес на САД да го ограничат и суспендираат влезот во САД за членовите…
Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на независноста. Граѓаните на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ја изразија својата волја и го дадоа својот глас земјата да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија. Независноста уставно-правно беше заокружена со донесувањето на Уставот со 93 гласа во Собранието на 17 ноември 1991. Работниот текст на Уставот го пишуваа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски. Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија…
Позицијата на Европската комисија за старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ во текот на оваа година останува непроменета, порача вчера еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во исто време, лидерите на коалицијата победничка на изборите во Бугарија, „Промените продолжуваат“ упатија пораки со посмирен тон во правец на надминување на разликите меѓу Скопје и Софија и деблокирање на евроинтегративниот процес. Европската комисија порача дека сега откако поминаа изборите во Бугарија, Брисел се надева на брз напредок на терен во решавањето на отворените прашања помеѓу Скопје и Софија. – Нашата…
Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок на кој се очекува да бидат предложени нови рестрикции за невакцинираните граѓани затоа што тие најмногу ги оптоваруваат болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека конкретни предлози од состанокот ќе бидат доставени до Владата. – Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за…
Британскиот премиер Борис Џонсон на министерски состанок го истакна противењето за гасоводот Северен тек 2, изјави денеска неговиот портпарол. – Тој го нагласи британското противење на гасоводот Северен тек 2, кој може да ги пренасочи пратките од Украина и може да има значителни безбедносни импликации во регионот, рече тој. – Тој, исто така, ја повтори својата загриженост за ситуацијата на украинската граница и нагласи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Украина, рече портпаролот. Гасоводот Северен тек 2 ги поврзува Русија и Германија под вода и беше финансиран од рускиот енергетски гигант Газпром и неговите европски…
Завршувањето на изборните процеси во Северна Македонија и во Бугарија создаде предуслови за политичка стабилност и предвидливост во двете држави, а со тоа и потреба за рефокусирање на нашиот ангажман и енергија во правец кон надминување на разликите коишто доведоа до блокирање на европскиот пат на земјава, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Првиот ден по тие изборни процеси дојдов во дводневна работна посета во Брисел за да се сретнам и со мојот колега од Република Бугарија, меѓутоа и со високи претставници на Европската унија, за да ги утврдиме наредните чекори во пресрет на декемврискиот…
Државната изборна комисија (ДКСК) на денешната седница ги усвои препораките да се изврши финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт, но и директорот на Агенцијата да овласти други државни службеници од вработените, да вршат инспекциски надзор во националните спортски федерации, бидејќи во моментов во Агенцијата работат само двајца инспектори. Членот на ДКСК, Владимир Георгиев на седницата препорача да се побара од Државниот завод за ревизија да изврши финансиска ревизија на Агенција за млади и спорт, но и продолжена ревизија на федерациите кои добиле најголем износ на средства за користење на ваучери, како и на неколку други федерации, за кои…
Четвртиот светски рекет Стефанос Циципас ги сподели емоциите по поразот од Андреј Рубљев во првото коло од групната фаза на завршниот АТП турнир. – Јас сум во исчекување. Сè уште сакам да играм добро. И покрај поразот, чувствувам дека се уште имам шанси. Сакам да се подобрам и да играм подобро на следниот меч, изјави Гркот. Во второто коло Циципас ќе игра против Каспер Руд. – Го знам форматот и како функционира сè. Имам доволно искуство, веќе три пати играв на овој турнир. Никогаш не е досадно. Сè уште сум во исто исчекување како и првиот пат. Повеќето играчи не…
Ерменските власти ја повикаа Москва да ја заштити суверената територија на земјата од нападите на азербејџанските трупи, изјави секретарот на Советот за безбедност на Ерменија Армен Григорјан за државната телевизија. – Со оглед на тоа што беше извршен напад на суверена територија на Ерменија, според договорот од 1997 година, ја повикуваме Руската Федерација да го заштити територијалниот интегритет на Ерменија. Во моментов се подготвува и писмено барање, рече тој. Григорјан истакна дека Ереван се потпира на Москва да обезбеди доволно воена помош доколку преговорите со Баку не успеат. Во ноември, ситуацијата во Карабах и пограничните региони на Сјуникската област во…
Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Во исто време, преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција нагласи дека новиот број 112 е потребно да го знае секој граѓанин. Ја истакна сериозноста на професионалните обврски кои ќе ги имаат примателите на повик, односно телефонски оператори,…