Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи и очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза од евроинтегративниот процес на државава, беше во фокусот на средбата на шефот на дипломатијата Бујар Османи со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во Брисел. Како што соопшти МНР, соговорниците се осврнаа на наодите од овогодинешниот Извештај на Европската комисија, преку кои беше испратен силен и јасен сигнал дека кредибилноста на политиката на проширувањето останува да биде клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски развој во цела Европа. На средбата беа…
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) четврта година по ред е оценета како број еден регулатор од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница. Во годишниот извештај за 2021 година РКЕ го дели првото место со Грузија и Црна Гора. Секретаријатот во извештајот наведува дека РКЕ има висок професионален профил и продолжува со докажување на регулаторната независност. -Со ова признание заокружуваме еден циклус од четири последователни успешни години тимска работа која рефлектира компетентност, кредибилитет, професионалност и независност. Признанието од Секретаријатот во Виена е потврда на сите наши активности кои сме ги презеле и одлуки кои сме донеле. Успесите не…
По завршувањето на квалификациските натпревари од синоќа познати се 11 репрезентации кои досега обезбедија учество на Светското фудбалско првенство следната година. Покрај домаќинот на Мундијалот 2022, Катар, учество изборија и: Германија – победник во квалификациската група Ј во Европа Данска – победник во квалификациската група Ф во Европа Бразил – победник во квалификациската група во Јужна Америка Белгија – победник во квалификациската група Е во Европа Франција – победник во квалификациската група Д во Европа Хрватска – победник во квалификациската група Х во Европа Шпанија – победник во квалификациската група Б во Европа Србија – победник во квалификациската група А…
Во светот годишно 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се здобиваат со повреди, тоа значи дека, како последица од сообраќајни незгоди, дневно умираат над 3500 лица, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода. На Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира да се намали црната статистика на патиштата и да се направи сообраќајот побезбеден, тргнувајќи од сопствените грешки и однесување во сообраќајот. – Секој загубен човечки живот предизвикува тага и болка за членовите на…
Во изминатите денови регистрирани се неколку сериозни епидемии на птичји грип во Европа и Азија, што укажува дека вирусот повторно почна брзо да се шири, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Со избувнувањето на птичјиот грип се зголемува и загриженост во живинарската индустрија бидејќи десетици милиони живина беа уништени за време на претходните епидемии. Дополнително, епидемиолозите се загрижени бидејќи овој вирус може да се пренесе на луѓето. Досега оваа година Кина пријави 21 инфекција со подтипот на птичји грип Х5Н6 кај луѓето, што е повеќе отколку во 2020 година, јави Си-Ен-Ен. Јужна Кореја пријави појава на болеста на…
„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Ова е првиот чекор кој следува во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн. Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцира дека ова претставува значаен…
Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиоството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија за МИА од МВР. -На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци,…
Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари и членот на Бруклин, Кевин Дурант, се прогласени за најдобри играчи во четвртата недела од регуларната сезона 2021/22. Кари во четири натпревари за Вориорс има просек од 34,8 поени, 7,8 асистенции и 5,5 скока по натпревар. Калифорнијците постигнаа резултат 3-1 (победи-порази) минатата недела и продолжуваат да водат на првенствената табела. Бруклин ја заврши седмицата ист биланс (3-1). Статистиката на Дурент во изминатите седум дена е 32,3 поени и 7,8 скока по средба со 62,9 отсто од поле.
Пратеникот Кастриот Реџепи во гостувањето на ТВ21 кажа дека на денот кога требало да се гласа недоверба на Влада, бил засолнет кај пријател. -Мораше така, затоа што имаше голем број на закани. Се засолнив кај пријател со семејството. И мајка ми беше со мене. И се јавив на ќерка ми, која живее во Данска, и кажав дека така мора да биде и дека телефоните ќе бидат исклучени“, вели Реџепи. Реџепи исто така посочи дека физички не спие мирно, но пак духовно да. -Мирна ми е душата. Знам какви ми се убедувањата и знам каква одлука донесов. Затоа спијам мирно. Имав…
САД се загрижени што Русија изминатиот викенд извршила голем тест на анти-сателитско оружје, изјавија двајца американски претставници за Си-Ен-Ен, изјавувајќи дека ова можеби создало потенцијално опасно поле со отпад во вселената. Американската вселенска команда потврди дека се случил редок и потенцијално опасен „настан за создавање отпад“, но не наведе детали, ниту, пак, ја спомена Русија. Двајцата официјални претставници изјавија дека Стејт департментот се подготвува денеска да издаде соопштение. Овие типови на настани вообичаено се предизвикани од тестови на анти-сателитско оружје што вклучуваат ракета од земја што удираат во сателит и создаваат големо поле со отпад. Едно од официјалните лица изјави…
„Промените продолжуваат“ на Кирил Петков постигнаа голем успех, иако се нова партија. После третите избори, Бугарија ќе добие политичка влада, вели специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во емисијата „Топ тема“. Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија вели дека најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ќе постави свој близок човек за министер за надворешни работи, кој ќе помогне во преговорите на Бугарија со Македонија. -Петков вели дека најдобра личност за тоа би бил Даниел Лорер, кој има исклучителни познавања и е негов најблизок соработник. Беше во неговиот кабинет кога беше министер за економија…
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Ерзурум во источна Турција, јави Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи. Земјотресот е регистриран во 19.45 часот по локално време во блиску до градот Ашкале на длабочина од 7 километри. Нема информации за материјална штета и повредени во земјотресот, но земјотресот предизвика паника кај населението.