Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Србија е во процес на регистрација на вакцината Sputnik Light и наскоро ќе стане првата земја во Европа што ќе ја користи, соопшти Ненад Поповиќ, министерот за иновации и технологија во српската влада, по средбата со Денис Мантуров, шеф на руското Министерство за индустрија и трговија, во Дубаи. „Поповиќ и Мантуров потврдија дека Србија ја започна процедурата за регистрација на вакцината „Спутник лајт“, што ќе ја направи Србија првата земја во Европа што ќе ја користи оваа високоефикасна бустер вакцина“, соопштија руските власти. Министрите разговарале и за голем број билатерални инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе бидат одобрени на највисоко…
Деветгодишно момче од синоќа е десеттата жртва од стампедото на музичкиот фестивал „Астроворлд“ во Хјустон на 5 ноември. Езра Блунт бил во медицински индуцирана кома како резултат на здобиените повреди откако бил прегазен на концертот на раперот Травис Скот во Хјустон, на кој присуствувале околу 50.000 луѓе, јави денеска Њујорк тајмс. Концертот заврши трагично по турканиците во близина на сцената. Властите се уште ги утврдуваат причините и одговорноста за овој трагичен настан во кој веќе десет лица ги загубија животите, а стотина беа повредени. Езра, фан на Травис Скот, го гледал концертот качен на рамениците на својот татко, Трестон Блунт,…
Состојбата во регионот на Западен Балкан е загрижувачка. Во последните месеци видовме зголемени тензии во Босна и Херцеговина, меѓу Косово и Србија, а во Република Северна Македонија има политичка нестабилност. ЕУ мора да ги искористи сите достапни алатки за поддршка на внатрешниот политички дијалог во Босна и Херцеговина и правилното функционирање на институциите, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, кој денеска учествува на редовниот состанок на Советот за надворешни работи во Брисел. Стоев се задржа и на дијалогот Белград-Приштина и внатрешно-политичката ситуација во Република Северна Македонија. Тој истакна дека Бугарија дала предлози за зајакнување на соработката со…
Во Тајланд беше пуштена во употреба најголемата пловечка сончева фарма во светот. Таа е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои. Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јаглерод. Тајландскиот премиер Прајут Чан-о-ча на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство, изјави дека неговата земја сака да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Во овој миг во Тајланд, две третини од енергијата се добива од природен гас. Тајланд произведува 114.000 гигавати енергија користејќи природен…
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денес, во првото коло „Зелена група“ на завршниот АТП турнир во Торино го победи осмиот на светската ранг-листа, Каспер Руд од Норвешка со 2:0. Првиот сет беше решен во тај-брејк со 7:4 за Србинот, додека вториот заврши 6:2. За Ѓоковиќ ова е вкупно 39-та победа во кариерата на завршните АТП турнири. Според овој индикатор, тој е втор изедначувајќи се со Иван Лендл. Роџер Федерер има најмногу победи, вкупно 59. -Ова е седми пат кога годината ја завршувам како рекет број еден во светот. За мене ова е неверојатен настан. Моето патување продолжува и се надевам…
Извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во септември порасна за 10 отсто на годишно ниво, на 209,3 милијарди евра, според првата проценка на Евростат. Увозот на стоки во 19-члениот монетарен блок од остатокот од светот изнесува 202 милијарди евра, што е скок од 21,6 отсто во однос на септември 2020 година, објавено е на веб-страницата на Евростат. Како резултат на разликата меѓу увозот и извозот, еврозоната забележа трговски суфицит од 7,3 милијарди евра во септември, наспроти суфицитот од 24,1 милијарди евра во тој месец минатата година. Трговијата со стоки меѓу земјите што користат евро се зголеми за…
Република Северна Македонија и земјите на Западен Балкан интензивно работат за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар, соопштока од МИОА. -На состанокот одржан во Ниш, присуствуваа работни групи од Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа, на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. На средбата беа утврдени наредните чекори преку кои…
Македонскиот фудбалер од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас го привлече интересот на водечките шпански клубови. Според „La Gazzetta dello Sport“, 22-годишниот Македонец го следат Реал Мадрид и Барселона. Од претставниците на мадридскиот клуб посебно внимание на Елмас му посветува тренерот Карло Анчелоти, кој соработуваше со нашиот репрезентативец во Неапол. Оваа сезона во италијанскиот шампионат Елмас има постигнато еден гол на 12 натпревари.
На завршна конференција во понеделник и вторник во Скопје ќе биде официјализирано заокружувањето на процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО. На конференцијата ќе учествуваат командантот на Сојузната команда на НАТО за трансформација во Норфолк, генерал Филип Лавин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски, претставници на НАТО командите и штабовите и претставници на ГШ и на Министерството за одбрана. Во вторник, пак, на свечена церемонија во Вила Водно ќе биде потпишана Заедничката декларација со што земјата и формално ќе стане целосно воено интероперабилна членка на Алијансата. Потпис на документот од страна на НАТО ќе стави генерал…
Египетскиот напаѓач во редовите на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за играч на месец октомври во Премиер лигата. Салах минатиот месец постигна пет голови, вклучувајќи го и хет-трикот во дербито против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а додаде и четири асистенции. За Египќанецот ова е прво признание „играч на месецот“ во оваа сезона, а вкупно четврта во кариерата. Првата награда ја освои во 2017 година.
Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива изјави дека од денеска претстојат два големи предизвика – едниот е сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а вториот да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата и граѓаните, ставајќи ги во прв план нив, а потоа партиските интереси. – Ние сме политичка партија која е многу совесна со сите начела и политички предизвци што доаѓаат. Вчера не знам што се случи иако требаше да падне…
Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР известува дека К.Р. своеволно пристигнал во полициска станица и дал изјава дека пријавата е невистинита. Пратеникот Кастриот Реџепи истакнал никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница. Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате, претходно во текот на денот напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. – Во наредните денови ќе…