Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук. – Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде, додава Ахмети. Нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со…
Премиерлигашот Арсенал го контактирал Јувентус за трансфер на шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски (21), откако менаџерите на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, воопшто не одговориле на повиците од лондонскиот клуб. Како што денеска јавуваат италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да му дозволи на Кулушевски да замине, но за тоа ќе бара најмалку 25 милиони евра. Јувентус го донесе Кулушевски во своите редови во 2020 година од Аталанта во трансфер вреден 35 милиони евра, но со доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри, шведскиот репрезентативец не е во прв план.
Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: · Клуб на менаџери- претприемништво и лидерство- со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток на предавањата е од 9 декември 2021 година), · Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси- со едукативни…
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека три други лица се полесно повредени. Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П.(32) и патничко возило „ауди“, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25), се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото на незгодата, информираше денеска Верољуб…
Македонската заедница во Франција по повод одбележувањето на годишнината од Примирјето од Првата светска војна, положи венец пред спомен-обележјето во Паркот на мирот во Колумбел каде се овековечени/изгравирани имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на Француската армија во Првата светска војна. Како што соопштуваат од Здружението „Заборавени Македонци“, по еден век Франција прва се одважи да ја исправи историската неправда за овие млади македонски војници и досега ова е прв и единствен чин од една учесничка страна во Првата светска војна да оддаде почит кон македонските учесници во таа војна. Оваа година на настанот што се одржа вчера,…
Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата, согласно новата министерска одлука на грчката Влада, според која актуелните мерки се продолжени за уште две седмици, а важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, речиси истите документи, со исклучок на PLF формуларот, задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за…
Раководството на англиската фудбалска Премиер лига го објави календарот за сезоната 2022/23. Сезоната треба да почне на 6 август, додека паузата за Светското првенство, кое е на програмата од 21 ноември до 18 декември во Катар, ќе трае од 14 ноември до 26 декември. Со тоа играчите од најдобрите англиски клубови ќе можат да им се приклучат на своите репрезентации само една недела пред стартот на Мундијалот. Последното коло ќе се игра на 28 мај 2023 година.
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со потпретседателката д-р Елена Милевска-Штрбевска и в.д. Оперативниот директор за развој, иновации и знаења во Комората м-р Михајло Донев, денеска (12.11.2021 година) присуствуваат на свеченото отворање на „Винчини Центарот за развој и Прогресив Академија“ во Виница, под слоганот – НОВИ ПАТИШТА ЗА УСПЕХОТ ВО РЕГИОНОТ. Проектот кој Макпрогрес доо Виница успешно го реализира во услови на една од најголемите светски здравствени кризи со сериозни економски импликации јасно ја покажува определбата на компанијата за континуирано инвестирање во еден од клучните предуслови за развој – стручен и соодветен кадар. Следејќи ги моделите на…
Главните претставници на Кина и САД ја истакнаа важноста на соработката откако двете земји издадоа заедничка декларација за борба против климатските промени, јави денеска кинеската медиумска групација (ЦМГ). Кина и САД објавија заедничка декларација за зајакнување на климатските активности во текот на 2020-тите, на тековната 26-та сесија на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (КОП26). Двете земји се согласија да формираат работна група за подобрување на климатските активности во 2020-тите за промовирање на соработката за климатските промени. – Објавувањето на заедничката декларација уште еднаш покажува дека соработката е единствениот вистински избор и за Кина и за САД. Работејќи…
Полициски службеници вчера ги привеле Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, оомничени за кражба во продажен објект во Чаир, соопшти МВР. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот. За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: · Направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија,…
Поради немањето кворум, заменикот на претседателот на Собранието, Фадил Зендели, кој претседава со седницата на која требаше на дневен ред да се најде иницијативата за гласање на недоверба на Владата поднесена од опозициските пратеници, ги повика и пратениците од власта да влезат во салата за да обезбедат кворум. -Во моментов сепак нема кворум за изгласување на дневниот ред. Не присуствуваат ниту членовите на Владата, кои треба да се тука. Затоа ќе ја прекинам седницата, а продолжение ќе има во текот на денот. Кога ќе биде тоа дополнително ќе ве информирам, кажа Зендели. Собраниските служби утврдија дека во салата се присутни…