Author: НОВА ТВ

Пратеникот на ДПА, Мендух Тачи денеска изјави дека според информациите, со кои располага тој, актуелната Влада ќе опстои, Зоран Заев ќе остане на власт следните три години, а Северна Македонија ќе добие датум за преговори. Тачи во гостување во „Утрински брифинг“ говореше за консултациите на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница, на која на дневен ред е Иницијативата за интерпелација на Владата, нагласувајќи дека кога разговорите се водат во „пет до 12“, тие се тајни, а ги предводел Заев. – Мислам дека денеска нема да падне Владата. Според информациите што ги имам, Владата ќе остане и ние и…

Read More

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи потврди дека на денешната собраниска седница ќе гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, но нагласи дека неговата партија нема да се согласи да биде дел од владин кабинет кој би бил „против ЕУ и Косово“. – Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави Реџепи пред почетокот на собраниската седница. Реџепи првично најави дека ќе ја повлече поддршката на Иницијативата, затоа…

Read More

Постигнат е значаен напредок во сите области во кои е активен Проектот за унапредување на основното образование. Ова беше заклучено на денешниот редовен состанок на кој учествуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, регионалниот директор на Светска Банка Масимилијано Паолучи, Бојана Нацева – тим лидер на проектот и други лица на Светска Банка вклучени во имплементацијата на Проектот. Како што соопшти Министерството за образоавние и наука, претставниците од Светска банка истакнаа дека се посебно задоволни од процесот на дигитализација на материјалите за учење, но и динамиката со која се опремуваат 260 кабинети со што се создаваат поквалитетни услови за…

Read More

Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. Тие се повеќе од двојно повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година, а Народната банка располага и со дополнителни механизми за поддршка на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута. Денарот со години е стабилен и ќе биде стабилен и во времето пред нас. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М, коешто им беше посветено на…

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори. ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела за ден на неделен одмор. – Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на…

Read More

Денеска (11.11.2021 година) претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и д-р Елена Милевска-Штрбевска, ќе оствари работни средби во Виница и во Штип со компании од источниот регион, активни долгогодишни членки на Комората, кои се меѓу најуспешните компании од овој регион според годишниот промет и според приходите („Макпрогрес“ – Виница, „Амфенол технолоџи Македонија“ – Кочани, „Винербергер“ – Виница, Рудниците „Саса“ и „Бучим“, „Мебел ви“ – Виница, „Европа 92“ – Кочани, „Мода“ – Свети Николе, „Оаза“ – Штип, „Албатрос“, „Вабо“, „Кит го“ и „Зендолино“ – Штип и други). На средбите ќе…

Read More

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица, соопштија од Управата. -Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење…

Read More

НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре. Астронаутите од екипажот „Кру-3“ – Раџа Чари, Кајла Барон и Том Маршбурн од САД, и Матијас Маурер од Германија полетаа со капсула „Кру драгон“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ синоќа во 21:03 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Мисијата е дел од партнерството на НАСА со „Спејс-Икс“ на Илон Маск, чија цел е да се обнови капацитетот на САД за вселенски летови со луѓе. Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради…

Read More

Компанијата „Боинг“ ја призна одговорноста и ќе ја надомести штетата по тужбата на семејствата на 157 лица кои загинаа во падот на авионот „737 MAX“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година. Како резултат на договорот меѓу американската компанија и семејствата, адвокатите на жртвите нема да бараат казнена отштета, а „Боинг“ нема да ги оспорува тужбите поднесени во американската сојузна држава Илиноис, пренесуваат американските медиуми. „Боинг“ се залага да обезбеди сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во несреќата да бидат целосно и правично компензирани за нивната загуба“, соопшти вчера производителот на авиони. Адвокатите на жртвите изјавија во соопштение дека…

Read More

Десетици јеменски бунтовници загинаа во нови воздушни напади во провинцијата Мариб, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува владата во војната во Јемен. Провинцијата Мариб, богата со нафта, е последното упориште на лојалните владини сили во северниот дел на Јемен, каде што војната трае од 2014 година. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенира во Јемен од 2015 година и речиси секој ден во изминатиот месец наведува дека им нанела големи загуби на бунтовниците Хути. Хутите, сепак, велат дека напредуваат кон градот Мариб, главниот град на истоимената провинција и главна цел на бунтовниците. Коалициската авијација која…

Read More

Играчот од средниот ред Енис Барди оцени дека македонската репрезентација утре во Ереван ја очекува важен меч од кој „црвено – жолтите“ можат да излезат како победници само ако дадат максимум на теренот. – Веројатно ќе решаваат ситници на утрешниот натпревар. Најважно е ние да сме подготвени и да знаеме што бараме на теренот. Овој меч е многу важен и за нас и за Ерменија. Треба да влеземе на терен со заедништво како никогаш досега и тоа е клуч за победа. Имаме нови фудбалери и треба време за да се вклопиме, но тоа не е некој преголем проблем. Ние сите…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вечерва на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Ерменија ги сподели своите очекувања за мечот во Ереван од квалификациите за СП 2022. – Сметам дека не очекува одличен натпревар. Двете селекции имаат свои шанси за второто место, а победа е опција и за нас и за Ерменија. Ова ќе биде многу поразличен меч од тој во Скопје. На домашен терен ја имавме доминацијата, но сега очекувам сосема поразличен дуел, отворен на двете страни, затоа што победата е важна за двете селекции, изјави Милевски. Поради повреди Милевски нема да може да смета…

Read More