Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Уште четворица повредени во сообраќајката на автопатот Струма денеска се отпуштени од „Пирогов“, соопштија од болницата. Медицински тимови од Македонија и Србија ги презеле пациентите за да ги однесат дома. Еден од повредените останува на опсервација на Клиниката за неврохирургија во Софија. Тој претходно имал две успешни операции на потколеницата и ‘рбетот. Од болницата информираа дека сите пациенти биле стабилни и во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија е во стабилна состојба. Според информациите од амбасадата в среда седмиот пациент ќе биде пуштен од…
По повод 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија од фашистичките окупатори, пуштен е во употреба автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), кој ја поврзува Албанија со Северна Македонија на границата кај Дебар. Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан со тапани од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од Дебар, која е соседна општина. На овој чин присуствуваше и делегација на општина Дебар, предводена од градоначаланикот Хекуран Дука. -По автопатот, чија целосна изградба треба да заврши на пролет до година, ќе се минува преку обиколница кај местото Муриз, поради изградба на тунел. Во престојниот…
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Гостивар. – При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот татко и сериозно му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Во еден момент тој со двете раце го фатил татко му за вратот, но тогаш во просторијата влегла мајката на обвинетиот и успеала да го тргне,…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што претпоставените старешини го информираа за условите за работа на припадниците на Армијата и нивните тековни активности. Посетата беше во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, а претседателот исто така присуствуваше и на презентација на показна вежба: Tактики, техники и процедури на движење на пешадиско одделение во населено место, изведена од 3. вод на 1. пешадиска чета под команда на поручник Неда Волчева. Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата, на која присуствуваа и командирите на одделенија од единицата на армијата на САД за советување…
Три лица биле приведени вчера откако објавиле видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје. -По објава на два видеоклипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност, информираат од МВР. Полицијата ги презела потребните безбедносни мерки…
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека на Светската здравствена организација и треба сигурно финансирање со поголеми донации од земјите-членки. Таа го поддржа почетокот на преговорите за обврзувачки меѓународен договор за спречување на пандемии. „Катастрофалното влијание на пандемијата Ковид-19 врз здравјето и економијата треба да ни биде лекција“, рече таа во видео пораката на почетокот на специјалната седница на СЗО. „Вирусите не познаваат национални граници. Затоа, треба да ги утврдиме мерките што треба да се преземат за да се подобри превенцијата, раното откривање и одговорот на меѓународно обврзувачки начин“, посочи таа. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави…
Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки. Воедно, скопска Апелација предметот „Тарифа” го врати на повторно судење. – Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како „Насилство во О.Центар“, од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува. Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни…
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, се обрати на основањето на Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) во рамки на самитот кој денеска и утре се одржува во Истанбул, Турција. На самитот учествуваат 24 градоначалници од 11 држави, кои денеска разговараа за неколку клучни прашања што ги засегаат градовите од Балканот – како дигитална трансформација, урбана демократија и економска соработка. Станува збор за основање на Б40 Мрежата на градови од Балканот која ќе го отвори патот за соработка меѓу градовите и размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми. – Имаме вистинска можност да се…
Бројот на туристи во Струшкиот регион и покрај пандемијата, годинава е зголемен за околу 45 отсто во однос на претходната, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Во изјава за МИА забележа дека бројот на туристички ноќевања е зголемен и на ниво на држава за повеќе од 50 отсто во однос на лани. Очекува охридско-струшкиот регион да допринесе уште повеќе во развојот на туризмот и надминување на 2,5 милиони ноќевања, со што ќе се доближиме до бројките од 2017 и 2018 година. – Генрерално на ниво на држава во првите пет месеци, бројот на туристи…
Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои се хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а уште тројца од повредените во текот на денот ќе бидат транспортирани од Софија во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека еден од тројцата пациенти што треба да пристигнат е веќе тргнат, а останатите двајца ќе бидат транспортирани во попладневните часови и се очекува да стигнат вечерва. – Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувствува…
Повеќето телевизии немаат јасно осмислен концепт за тоа на кој начин, преку кои програми им се обраќаат на децата и не водат сметка за тоа својата идна публика да ја култивираат од мали нозе, беше заклучено на денешната дебата „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?“, на која беа презентирани наодите од истражувањето „Анализа на родовите аспекти во програмите за деца на националните терестријални телевизии“ изработено од Институт РЕСИС за АВМУ. Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочи дека клучните забелешки од анализата се дека јавниот сервис…
Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го повредил со пушка. – Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираше полицијата. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.