Author: НОВА ТВ

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на 31 октомври најави оставки на двете функции. Формално, Заев нема се уште поднесено оставки на функциите, потврдуваат и од Собранието и од СДСМ. Од владејачката партија нагласуваат дека на денешниот состанок на раководството на партијата биле утврдени следните чекори на партијата што ќе се ефектуираат од наредната недела. -Не станува збор за формална оставка доставена од претседателот Зоран Заев туку за оставката која тој ја најави на 31 октомври на прес-конференција во СДСМ, појаснуваат за МИА од владејачката партија. СДСМ денеска во соопштение посочи дека согласно статутарните одредби, со оставката на…

Read More

Обилните врнежи од дожд кои паѓаат во изминатите 24 часа предизвикаа големи проблеми во поголемиот дел на Босна и Херцеговина, пишува avaz.ba. Во Зеница e пораснат водостојот на реката Босна и се заканува излевање од коритото. Во некои делови водата веќе е стигната до шеталиштето. NEIZVJESNA NOĆ / Rijeka Bosna prijeti da se izlije u Zenici #nevrijeme #rijekabosna #zenica pic.twitter.com/mpKrIwXPCl — Dnevni avaz (@DnevniAvaz) November 5, 2021 Денеска во поголемиот дел од кантонот Сараево поплавите направија големи проблеми. Најпогодени беа Рељево, Рајловац, Доглоди, Отес. Беше вршена и евакуација на граѓаните и сите расположливи единици беа на терен. Драматично беше во…

Read More

Илјадници млади активисти предводени од Грета Тунберг денеска учествуваа на протестен марш низ улиците на Глазгов, на кој испратија барање до светските лидери на конференцијата на Обединетите нации за итно и драстично намалување на емисиите со цел справување со климатските промени. Би-Би-Си јави дека климатските активисти Грета Тунберг и Ванеса Наката го воделе денешниот марш од десетици илјади луѓе во Глазгов како дел од движењето „Петок за иднината“. Климатските активисти не се задоволни од ветувањата дадени од лидерите на 120 земји на најважниот Самит КОП26 на ОН претходно оваа недела, а Грета Тунберг на митингот во Глазгов рече дека е…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска во Социјалдемократскиот сојуз поднел оставка од лидерската функција, пишува сдк.мк. Согласно статутот на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ. Заев, како што најави, ќе остане одредено време на премиерската функција, дури не се осигура и натаму ова парламентарно мнозинство, бидејќи како и коалиционите партии, и тој не смета дека сега треба да има вонредни парламентарни избори. Партијата денеска соопшти дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ. Претставниците на сите…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска…

Read More

Единаесет американски држави поднесоа тужба против наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден, според која десетици милиони луѓе во компании со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против коронавирусот или да се тестираат еднаш неделно. – Оваа наредба е неуставна, незаконска и не е мудра, се наведува во судскиот поднесок на главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, еден од неколкуте републиканци кои се борат за отворено место во Сенатот следната година. Во неговата тужба, поднесена во Осмиот Окружен Апелациски суд на САД во Сент Луис, се тврди дека надлежноста за задолжителна вакцинација им припаѓа на државите, а не на…

Read More

Потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку фејсбук статус информира дека се повлекува од функцијата, но и дека со оставката на претседателот на партијата Зоран Заев престанува и мандатот на целото раководство. „Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, пишува Царовска.

Read More

Напаѓачот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд најверојатно ќе отсуствува од фудбалските терени до Божик, најави неговиот татко Алф-Инге за норвешката телевизија ТВ2. – Тој е релативно добро со оглед на ситуацијата, но ќе паузира уште извесно време. Би било бонус кога би заиграл пред Божик, но тоа е малку веројатно, изјави Алф-Инге Халанд. Норвешкиот голгетер е надвор од терените од 20 октомври кога го повреди колкот на натпреварот против Ајакс. Халанд поради мускулна повреда паузираше и во септември, но, сепак, 21-годишниот напаѓач сезонава постигна 13 голови во сите натпреварувања. Борусија Дортмунд е второпласирана во Бундеслигата со бод помалку од…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја повтори својата препорака да се даде засилувачка доза од вакцините на Фајзер и Модерна на лица постари од 18 години. – Повеќето земји-членки на ЕУ почнаа да даваат засилувачки дози прво на ранливите групи, а преминувањето на засилувачка доза за општата популација е веројатно следниот чекор во заштитата на јавното здравје, изјави доктор Марко Кавалери од ЕМА. Претставници на ЕМА наведуваат дека бустер дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со Фајзер, или шест до осум месеци по втората доза на Модерна. – Трета доза од вакцината на…

Read More

На доделувањето на највисокиот орден на Франција – Големиот крст на Легијата на честа, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел пред камерите срдечно се прегрнаа и бакнаа. Според француските медиуми, Макрон и се заблагодарил на Меркел за се што го научила и за се што направила за Европа. WATCH: Clearly a close bond between Merkel and Macron, as he bids farewell to the German Chancellor Merkel looks quite emotional by the end pic.twitter.com/3qmbh7YC7R— Darren McCaffrey (@DarrenGBNews) November 4, 2021 По 16 години на власт, Меркел е на прагот да се повлече од активната политика. За прошталната посета…

Read More

„Повторно сме во пик на пандемијата, каде што бевме пред една година“, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, пренесува АФП. Тој истакна дека „моменталната стапка на пренесување на инфекцијата во 53-те земји од европскиот регион предизвикува сериозна загриженост“. Според прогнозите, сегашната траекторија на инфекцијата ќе значи „уште половина милион смртни случаи од Ковид-19 до февруари“, додаде Клуге. Тој посочи дека има зголемување на заболените во сите возрасни групи. Клуге го образложи зголемениот број случаи со „недоволната вакцинација“ и „олеснувањето на мерките против епидемијата“. Стапката на хоспитализација е повисока во земјите со пониски нивоа на вакцинација,…

Read More

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на 2014 година, пријавениот на Х.И. од с.Опае му дал 1.500 евра и искористувајќи ја неговата материјална состојба го условил со месечна камата од 500 евра, а главниот долг да остане ист. Откако Х.И. не успеал да ги врати главниот долг и каматата, пријавениот во неколку наврати го зголемувал главниот долг, кој во 2015 година достигнал 20.000 евра. На барање и со закани од Б.С., Х.И. во јануари 2016 година со нотарски договор, кој требало да важи…

Read More