Author: НОВА ТВ

Заменикот амбасадор на Норвешка во земјава Геир Јохансен, на работен состанок во Судскиот совет, ја извести претседателката Павлина Црвенковска дека норвешката Влада е подготвена да додели грант со цел да се создаде функционален информациски систем за автоматско управување со судски предмети, познат како АКМИС систем. Според планот, целиот проект ќе трае неколку години, но искуството на Норвешка покажало дека системот е целосно функционален, безбеден и лесно се управува. Системот е веќе интегриран во неколку држави и Норвешка преку заменик амбасадорот пренесе порака дека позитивните искуства сакаат да ги споделат и во Северна Македонија. Покрај финансискиот дел, судската управа на Норвешка…

Read More

Републиканците победија во трката за гувернер на Вирџинија, додека во Њу Џерси загубија „за влакно“ и тоа не е добар знак за актуелниот претседател Џо Бајден пред конгресните избори во 2022 година, наведува Гласот на Америка. Републиканецот Глен Јангкин го победи поранешниот демократски гувернер на Вирџинија, Тери Мекаулиф. Јангкин доволно се огради од поранешниот претседател Доналд Трамп за да ги придобие умерените гласачи, кои гласаа за Бајден на последните претседателски избори. Во Њу Џерси, актуелниот демократски гувернер Фил Марфи во тесна трка го победи републиканецот Џек Катарели, иако во таа земја има дури милион повеќе регистрирани демократски гласачи од републиканците,…

Read More

Регионалната соработка е мудар избор, прав избор и европски избор. Немаме дилема во изборот ако на едната страна имаме опција да правиме проблем, а од другата страна имаме решенија, порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на состанокот на лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Белград. Тој кажа дека долгорочната визија за стабилен и победнички Балкан е каде што границите се од помало значење, па дури и никакво значење. Според него оваа иницијатива значајно придонесува за Балкан без граници. -Да ги надминеме трговските пречки, што повеќе соработуваме, толку повеќе ќе ја убедиме ЕУ дека нема…

Read More

Утрово во Белград, како претставник на Владата на Северна Македонија, заменик претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров заедно со премиерот на Албанија Еди Рама, беа пречекани од претседателот на Србија Александар Вучиќ којшто е домаќин на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Агендата за работниот состанок во Белград започна со средба со претставници на компании од трите земји учеснички во иницијативата „Отворен Балкан“, при што беа разменети идеи и ставови за олеснување на трговијата помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија преку конкретни чекори за градење на заеднички регионален пазар заснован на слобода на стоки, на работна сила,…

Read More

Потребно ни е итно зајакнување на регионалните капацитети, системи и процедури за кризен менаџмент. Имаме механизми, имаме алатки, но тие сите можат да се искористат поефикасно. Имаме воспоставено механизми дури и за размена на информации. Добивме искуство и од заедничкото работење на терен. Имаме и канали за размена на научените лекции и најдобрите пракси, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска во воведното обраќање пред Состанокот на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа членки на иницијативата СЕДМ (South-Eastern Europe Defence Ministerial Meeting). Денешната средба, како што рече министерката, е диреткна потврда на заедничкиот интерес да создаваме и да развиваме…

Read More

Опозицијата во Северна Македонија побара распишување на предвремени парламентарни избори, откако премиерот Зоран Заев соопшти дека ќе поднесе оставка по лошите резултатите на неговата партија на локалните избори, наведува АФП во коментар за последните случувања во земјава, оценувајќи дека „изненадувачката најава на Заев внесе нова неизвесност на балканската политичка сцена, каде автократите се познати по зацврстување на позициите на власта и каде доброволните оставки се реткост“. Во коментарот, чии делови пренесува БГНЕС, се посочува дека во услови кога премиерот Заев се уште не го објави датум на неговото заминување, кога не е познат неговиот наследник и е создадена зголемена конфузија,…

Read More

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж. Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи. -Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил шест кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и еден обид за разбојништво. -Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и сериозна закана со оружје – нож, одзел 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека, на 2 ноември противправно присвоил уште 21.000 денари. На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин одзел 12.000 денари. Истиот осомничен, заканувајќи се со нож на вработените, на 27 октомври…

Read More

Земјите во развој како што е Северна Македонија, треба да ги постават своите митигациски цели, но финансирањето е клучот во остварување на овие таргети, вели во интервју за МИА, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој учествува на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП26). Во услови на драстични предупредувања од научната заедница за ескалација на климатската криза, КОП26 почна на 31 октомври во шкотскиот град Глазгов. На покана на Обединетите нации, владини претставници од околу 200 земји во текот на две недели ќе разговараат за начините на кои човештвото сè уште може да го задржи забрзаното…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека е презадоволен од синоќешното издание на неговите фудбалери, кои со триумфот на домашен терен од 2-0 над Атлетико Мадрид обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони. Ливерпул сега има максимален ефект. по воведните четири кола во таканаречената „група на смртта“ во која се и Милан и Порто. – Мислам дека одигравме речиси совршен натпревар. Постигнавме голови во вистински моменти, а имавме и шанси за кои не ми е јасно како успеавме да не ги искористиме. Разбирам дека луѓето сакаа видат уште голови, но јас сум многу задоволен, изјави Клоп.

Read More

По заминувањето на премиерот Зоран Заев, неколку групации покажуваат амбиции за преземање на партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски, рече вчеравечер во гостувањето на ТВ21, Владо Бучковски – поранешен премиер и лидер на СДСМ. „Бранко не ни крие дека има амбиции. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата. И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006 година. Не случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома“, посочи Бучковски. Бучковски, меѓу другото, изјави дека луѓе блиски до Црвенковски работеле на кампањата Максим Димитриевски да добие втор мандат за градоначалник на Куманово. Осврнувајќи се…

Read More

Полскиот напаѓач во редовите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, води на листата стрелци созонава во Лигата на шампиони (ЛШ) со осум голови по воведните четири кола од групната фаза. Табела на стрелци: 8 – Роберт Левандовски (Баерн Минхен) 7 – Себастијан Халер (Ајакс) 5 – Мохамед Салах (Ливерпул), Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед), Кристофер Нкунку (Лајпциг) 4 – Лирој Сане (Ливерпул), Ријад Марез (Баерн), Карим Бензема (Реал Мадрид).

Read More