Author: НОВА ТВ

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 02 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според…

Read More

Шест бодови од натпреварите против Ерменија и Исланд е целта со која македонската фудбалска репрезентација влегува во завршниот ноемвриски циклус во мундијалските квалификации, најави денеска селектор Благоја Милевски. „Црвено – жолтите“ на 11 ноември и гостуваат на Ерменија во Ереван, а три дена подоцна во Скопје го пречуваат Исланд во завршниот натпревар во рамки на групата Ј, во која избраниците на Милевски се моментно третопласирани со 12 бодови, еден помалку од Романија на второто место, кое обезбедува мундијалски бараж. – Нашата цел е јасна, а тоа е победа на следните два квалификациски меча. Сакам тоа што го работиме на тренинзите…

Read More

НАСА соопшти дека успешно ги одгледала првите чили-пиперки во Вселената, а астронаутите на Меѓународната вселенска станица ги ставиле во „тако“. Американската вселенска агенција соопшти дека чили-пиперките се одгледувани во експериментот „Плант хабитат-04“. „Истражувањето вклучува микробна анализа со цел – осознавање на односите меѓу растенијата и микробите во Вселената и проценка на екипажот за вкусот, текстурата и исхраната на првите пиперки одгледани во вселената“, се вели во соопштението на НАСА. Пиперките, кои растат на МВС од јули, се од родот „Еспањола импрувд“. Во 2019 година, НАСА објави дека оваа-чили пиперка ќе биде првото овошје што ќе се одгледува на МВС во…

Read More

Референтната меѓународна цена на нафтата Брент ќе достигне 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година, се наведува во анализата на Банка на Америка (Bank of America BofA). Катализатор за зголемената прогноза за цените на нафтата според БофА е актуелната светска енергетска криза, поради која цените на суровата нафта, јагленот, природниот гас и течниот природен гас (ЛНГ) нагло пораснаа поради нарушената рамнотежа меѓу понудата и побарувачката. Пред само еден месец, БофА предвиде дека нафтата може да достигне 100 долари за барел во следните шест месеци, во случај зимата да биде постудена од вообичаеното. Тогаш се проценуваше дека ниските…

Read More

Активности за обнова на пистата на Скопскиот аеродром ќе се спроведат од 28 март до 16 мај следната година и во тој период авиосооообраќајот ќе се реализира од 17 часот и 30 минути до 9 часот следниот ден, најави денеска аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. – Сакаме да ја информираме јавноста, вклучувајќи ги сите патници кои патуваат и планираат да патуваат преку Меѓународниот аеродром Скопје, дека како дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонските аеродроми, следната година, почнувајќи од 28 март 2022 до 16 мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата…

Read More

Продажбата на цигари на светско ниво, драстично се зголеми првпат по две десетлетија. Имено, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, забележано е зголемување на употребата на тутунски производи, покажуваат податоците на Федералната трговска комисија во САД. Производителите на цигари лани продале 203,7 милијарди цигари, а 202,9 милијарди во 2019 година, што е зголемување од околу 0,4 отсто. Средствата за рекламирање и промоција на тутун исто така се зголемиле на 7,84 милијарди долари во 2020 година, во однос на 7,624 милијарди долари претходната година.

Read More

Во периодот од 2018 и 2019 година, првиот осомничен на возраст од 49 години, во својство на сопственик, управител и овластен потписник на сметките на правно лице од Студеничани заеднички и по претходен договор со вториот осомничен 32-годишен сопственик и управител на три правни лица од Скопје дале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на износот на обврските за данок на добивка и за персонален данок на доход, со што избегнале да платат обврски во вкупен износ 25.645.627 денари, информираат од Јавното обвинителство. Со детална финансиска истрага, спроведена од Управата за финансиска полиција по наредба на јавниот обвинител,…

Read More

Во рамки на Европскиот ден за граѓанска правда, што има за цел да ги доближи граѓаните до правосудството и пристапот до правда на начин на кој тие подобро ќе се запознаат со своите права и начинот на нивното остварување и заштита, денеска Институтот за европска политика (ЕПИ) организираше дискусија на тема „Со медијација кон подобрување на правото за пристап до правда“. ЕПИ го организира настанот во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори, како дел од проектот „Медијација без дилема“. Ардита Абази Имери, програмска директорка…

Read More

Враќањето на една националистичка реторика од нашите соседи, во суштина ќе нѐ одведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис , јави дописничката на МИА од Атина. За време на заедничката седница на комисиите за европски и надворешни прашања во грчкиот Парламент, на која министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар говореше за приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ, Варвициотис, во неговото обраќање, изрази загриженост за случувањата кај нас и истакна дека правилното спроведување на Договорот од Преспа е еден од предусловите во преговарачката…

Read More

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 9 до 14 часот спроведена е засилена сообраќајна контрола, во која вкупно биле откриени и санкционирани две технички неисправни возила со неисправни сопирачки, едно нерегистрирано возило и две други видови на неисправности. -Покрај ова, откриени и исклучени од сообраќај биле и седум возачи од кои пет управувале без возачки дозволи и двајца се возачи-почетници. Во рамки на контролата, исто така, санкционирани се и девет непрописно паркирани возила, а четири биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и осум други видови сообраќајни прекршоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Минатиот…

Read More

Со договорите за метан и против уништувањето на шумите, климатската конференција во Глазгов нуди надеж по песимистичкиот почеток, пишува Њујорк Тајмс. Светските лидери собрани во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени. Во исто време, до крајот на конференцијата се водат уште потешки преговори за изнаоѓање начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го заврши своето учество на форумот, рече дека САД ветиле партнерство со ранливите земји во борбата против климатските промени. Тој, исто така, изрази уверување дека неговата…

Read More

Српскиот Републички сеизмолошки завод соопшти дека утринава во 5.18 часот е регистриран уште еден земјотрес во околината на Крагуевац. Според информациите, земјотресот бил со јачина од два степена според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес е регистриран во вторникот вечерта во 23.25 часот и бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во околината на Крагуевац, се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека синоќешниот земјотрес бил со јачина од 4,4 степени, а епицентарот на четири километри југоисточно од Крагуевац.

Read More