Author: НОВА ТВ

Тренерот на премиерлигашот Арсенал, Микел Артета, ги демантираше денеска медиумските наводи дека е меѓу кандидатите за наследник на Роналд Куман на клупата на Барселона. Каталонскиот клуб во средата му врачи отказ на холандскиот стратег по поразот од Рајо Ваљекано, а се шпекулира дека меѓу кандидатите за негов наследник е Артета, кој своевремено настапуваше за младинскиот тим на Барселона. – Исклучително сум среќен во Арсенал и привилегиран сум што сум во овој клуб. Фокусиран сум на мојата работа. Многу нешта се случија таму (во Барселона) во изминатите години. Морате да ја надминете состојбата по заминувањето на Лионел Меси, кој долги години…

Read More

Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) денеска издаде предупредување за геомагнетна бура која се очекува да почне вечерва и во раните утрински часови и ќе ја зафати целата Земја, но најмногу американскиот континент. Таа е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од 26 октомври годинава. Оттогаш, има серија на ерупции кои првично биле послаби. Кога ќе се забележи ерупција од некој од активните региони на Сонцето, во меѓупланетарниот простор се ослободува млаз од плазма, кој се испалува со брзина меѓу 600 и 900 километри во…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Рим се сретна со папата Франциск. „Ми беше чест денеска повторно да се сретнам со папата Франциск во Ватикан. Му се заблагодарив на Неговата Светост за неговото застапување за сиромашните во светот и оние кои страдаат од глад, конфликти и прогонство, и го пофалив неговото лидерство во борбата против климатската криза и ставање крај на пандемијата“, напиша Бајден на Твитер. Средбата со папата траела невообичаено долго, околу еден час и 15 минути. Бајден по состанокот изјави дека папата Франциск му рекол оти треба да продолжи да се причестува, а на прашањето дали се разговарало…

Read More

Скопје доби нов, најголем, современ трговски центар „Ист Гејт Мол“, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на свеченоста што се одржа вечерва во пресрет на утрешното официјално отворање на Ист Гејт Мол, лоциран на локацијата на поранешниот Скопски саем. На настанот присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор и на закупците на трговскиот центар. -Упатувам честитки на сите, на изведувачите, градежните компании, вработените во „Ист Гејт“ како и на менаџментот за успешната и навремена реализација на оваа огромна инвестиција. Како што најавија кога во март годинава бевме тука,…

Read More

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Клан истакна дека овие избори иако можеби не се историски, но ќе имаат историски последици и ќе го дадат правецот на државата. Затоа е многу важно граѓаните да излезат на гласање и да и дадат правец на државата, нагласи Заев. Тој додаде дека не може да се ита кон Европската унија и НАТО, кон пријателство со соседите, кон зближување на нашиот мултиетнички народ, ако некој шири национализми, ако некој прави кавги со соседите, ако некој е против Преспанскиот договор или Договорот со Бугарија или Охридскиот договор, знаат граѓаните дека едно…

Read More

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва од митингот во Тетово порача дека актуелната градоначалничка на градот и кандидатка за уште еден мандат, Теута Арифи, заслужува да остане на позицијата. Ахмети рече дека тие воделе европска кампања и дека се издвојувала од кампањите на останатите политички партии. „Се работи за победа со пот, со агенда и со дух, кај нашите политички опоненти има само политика, тие имаат сува кампања, само теорија. Ние покажавме дека сме најдобри уште во првиот круг со освоени над 120 000 гласови. Сето ова не прави горди и покажува дека и на централно и на локално народот…

Read More

Мојот план за Скопје, мојата визија ги претставив со амбициозни, но возможни, реални проекти. Повеќето од нив може да се спроведат веќе во првите две години од мојот мандат. Многу од нив уште во првите 82 дена. Време е да им покажеме на сите дека е возможно во 82 дена да се исчистат сите депонии, сите диви депонии во градот Скопје, да се отвори едношалтерскиот систем за јавни услуги достапен за сите граѓани 24 часа секој ден во неделата. Ќе ставиме крај на дивеењето и урбаниот хаос. Ќе го спроведуваме законот, ќе го развиеме модерно Скопје, со урбанистичко планирање заедно…

Read More

Американската економија забележа раст од само 2,0 отсто од јули до септември, што е најнизок во еден квартал од почетокот на закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот. Министерството за трговија на САД денеска објави извештај во кој се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на САД паднал далеку под очекувањата во третиот квартал. Во вториот квартал од годинава американскиот БДП изнесуваше 6,7 отсто, а во првиот 6,3 отсто. Добриот резултат во првите два квартала е последица на големата помош од федералната влада. Економистите се надеваат на закрепнување во тековниот четврти квартал, бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус опаѓа, процентот на…

Read More

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг денеска претстави голем број нови концепти, и најави дека компанијата ќе го промени името во Мета. Социјалната мрежа ќе го задржи своето име, а отсега компанијата Мета ќе биде сопственик на три големи брендови: Facebook, Instagram и WhatsApp. Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Facebook, и да се оддалечи компанијата од бројните скандали кои се случија неодамна, коментираат светските медиуми. – Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да нагласам дека има важни прашања на кои…

Read More

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 35. Европски шампионат во традиционално карате – ЕТКФ во Белград, Србија. Како што информираат од МТКФ, боите на Македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца. Европски шампионат во традиционално карате се одржува од 29-31 октомври 2021 година.

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва пристигна во Атина, во нејзината последна официјална посета на Грција, земја од која, според сопственото признание, барала многу, јави Бета. Во интервју за грчките медиуми во септември, канцеларката призна дека „најтешкиот момент од нејзиниот мандат бил кога барала толку многу од Грција“. На крајот од 16 години на функцијата канцеларка, обележани со грчката должничка криза и мигрантската криза, Меркел се врати во Грција на националниот празник, денот кога Грците му кажаа „не“ на нацизмот за време на Втората светска војна. – Ова е многу симболична посета бидејќи ќе овозможи да се постигне рамнотежа во грчко-германските…

Read More

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави зголемување на парламентарното мнозинство на владејачката коалиција за најмалку четири пратеници. -Парламентарното мнозинство може да биде ново, но зголемено од постојното мнозинство и тоа се природни, реални работи кои што се случуваат денеска, лесно сфатливи за граѓаните, рече Заев вечерва во интервју за Канал 5 телевизија, додавајќи дека коалицијата е од политичката структура на опозицијата која е за ЕУ и НАТО, за Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Охридскиот договор, Законот за употреба на јазиците. -Тоа е иднината на државата, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е против трите договори и нивниот лидер не употребува Северна,…

Read More