Author: НОВА ТВ

Во Лондон денеска почнува дводневното рочиште на кое американската влада повторно ќе бара екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за да му се суди за обвинение за шпионажа. Во јануари, судија на понискиот суд во Лондон го одби американското барање за екстрадиција на Асанж, поради објавувањето илјадници тајни воени документи преку Викиликс пред десет години. Судијката Ванеса Барејцер одби да го екстрадира Асанж во јануари, наведувајќи здравствени причини и изјави дека тој би можел да се самоубие доколку биде држен под тешки американски затворски услови. На американските адвокати им е дозволено да поднесат жалба на одлуката на судот за…

Read More

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,66 метри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,58 мети кај Преспанското Езеро. Со тоа, водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е 6 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), а на Охридско Езеро е 3…

Read More

Во основните училишта и градинките на територија на Општина Карпош се вклучени вкупно 99 деца со попреченост на возраст од 2 до 10 години, што е само 19% од вкупниот број на деца со попреченост или одредени развојни потешкотии кои живеат во нашата општина. Бидејќи сите истражувања поврзани со раниот детски развој потврдуваат дека искуството кое го стекнуваат децата во текот на раното детство имаат трајно и значително влијание во понатамошниот живот на децата, во мојот мандат како приоритет ќе биде развивање на социјалните услуги за помош и поддршка на децата со попреченост и нивните семејства, информира кандидатот за градоначалник…

Read More

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на маргините на првиот ден од Белградскиот безбедносен форум, вчера, одржа средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка – РСС, Мајлинда Брегу на која главениот фокус беше унапредување на регионалната соработка како механизам за европеизација на регионот и придвижување во процесот на европска интеграција. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Димитров истакна дека регионалните иницијативи се исклучително значаен сегмент на процесот бидејќи го претставуваат регионот во конструктивно светло. –Регионот треба да делува на начин што ќе испрати порака дека со членството во ЕУ ќе испорача повеќе решенија отколку проблеми, ориентираност…

Read More

Оние кои најавуваат ново парламентарното мнозинство по вториот круг од изборите треба да кажат и дали се за Преспанскиот Договор или за Договорот со Бугарија, за ЕУ и НАТО, бидејќи тие се основите за коалицирањето во Парламентот. Постојното парламентарно мнозинство може само да расте, а не да биде променето, вели премиерот Зоран Заев. Тој на прес-конференција во Владата запрашан дали гледа закана за стабилноста на парламентарното мнозинство, откако Алтернатива ја отфрли можноста дека ќе се приклучи во владиното мнозинство, а БЕСА доби поддршка од Алијанса за Албанците за кандидатите во Тетово и во Желино, рече дека тоа е „легитимно право“.…

Read More

Компанијата Модерна денеска соопшти дека ќе и достави на Африканската унија (АУ) 110 милиони дози од својата вакцина против коронавирус, а првите 15 милиони се очекува да бидат испорачани до крајот на годината. Дозите беа „понудени по најниската цена на Модерна, во согласност со нејзините обврски за глобален пристап“, се вели во соопштението на американската компанија. Африканската унија купува вакцини против коронавирус од различни производители за да ги зајакне напорите за вакцинација на земјите-членки. Претставникот на АУ за коронавирус Стрив Масијива ја поздрави најавата на Модерна. Масијива рече дека, АУ досега дистрибуирала 17 милиони дози вакцини против коронавирус и уште…

Read More

Новиот протокол со ЕУ со нови поволности за бизнисите за настап на европските пазари Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, а на предлог на министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја донесе Одлуката за предвремена примена на измените на Протоколот за потекло на стоки од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ со што се обезбедува правна основа за примена на ревидираните преференцијални правила за потекло на стоките од почетокот на месец ноември 2021 година. Како што соопшти МНР, со промените од новите правила за потекло на стоки ќе бидат засегнати сите економски оператори…

Read More

Во 15.50 примивме дојава за запалена барака во Градски парк, односно поранешниот Суд за прекршоци, кој не работи повеќе од три години, кажа командирот на скопската Противпожарна единица, Владимир Симоновски, откако пожарот со шест возила и 20 пожарникари беше изгасен. Тој кажа дека објектот бил изграден од лесно запаливи материјали, како и дека не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека можеби е предизвикан и од бездомници, бидејќи станува збор за напуштен објект. -Нема ниту жртви, ниту повредени лица, единствено помала материјална штета има ресторанот „Томче Софка“, изјави Симоновски, додавајќи дека пожарникарите на терен наишле на проблем, односно…

Read More

Економски раст над 5 % годишно, инвестиции во јавниот и приватниот сектор од 12 милијарди евра, нови 156.000 работни места, а истовремено фискална консолидација, односно одржување стабилен јавен долг, се дел од очекуваните ефекти на Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што денеска го усвои Владата, а на прес-конференција го претставија премиерот, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Планот за забрзан економски раст го подготви Министерството за финансии во соработка со владините ресори, со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст. Планот се темели на нов пристап и нуди координирана…

Read More

По девет месеци претседателствување во Белата куќа, рејтингот на Џо Бајден е исклучително низок, покажа најновата анкета на Галуп, јави дописникот на МИА. Според истражувањето, 42 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на американскиот претседател, што е најниско ниво досега од почетокот на неговиот мандат и втор најнизок рејтинг за еден претседател во речиси пет децении откако Галуп почна да ја спроведува оваа анкета. Според Галуп, по 272 денови претседателство рејтингот на Бајден е 42 отсто. Рејтингот на неговиот претходник Доналд Трамп по 283 денови претседателствување бил 37 отсто, додека по 271 ден во фотељата – Барак Обама имал поддршка…

Read More

На барање на Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период претставници на ФИФА и УЕФА вршеа ревизија на финансиското работење на федерацијата, поврзано со проектите и активностите од користењето на средства од програмите „FIFA Forward“ за 2020 на ФИФА и „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА, соопшти ФФМ. Во однос на користењето на средствата од програмата Forward за 2020 година на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија доби највисока оценка. Наведено е дека средствата од развојните фондови на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија ги користи исклучиво наменски, односно по пропишаната процедура која вклучува детален опис на проектите, документација, процес на…

Read More