Author: НОВА ТВ

Во анализата „Доза на реалноста: Како богатите земји и фармацевтските компании ги кршат ветувањата за вакцините“ на Сојузот за народни вакцини се наведува дека до најсиромашните држави доставени се 261 милиони вакцини против Ковид-19, што е само 14 проценти од 1,8 милијарди дози, колку што ветија богатите земји. – Речиси една година од кога вакцината е достапна, во најсиромашните делови од светот комплетно се вакцинирани со две дози 1,3 проценти од населението, се посочува во анализата. Најмногу дози обезбедиле САД, речиси 177 милиони, но тоа е само 16 од 1,1 милијарди колку што ветија, додека Јапонија испорача една третина од…

Read More

Речиси двесте луѓе загинаа по неколкудневните големи поплави и катастрофални свлечишта во Индија и Непал, кои затрупаа цели семејства во нивните домови, објавија властите денеска, а метеоролошките агенции предвидуваат нови обилни дождови. Официјалните бројки денеска покажуваат 88 смртни случаи во Непал и 102 во Индија. Сите непредвидливи и екстремни временски услови кои деновиве ја погодија јужна Азија се резултат на климатските промени и се влошени поради уништувањето на шумите, изградбата на брани и прекумерниот развој, велат експертите. Државниот секретар за природни катастрофи, С. Муругешан рече дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи многумина се прогласени за исчезнати, вклучувајќи…

Read More

Заедно тргнавме по патот за најдоброто за нашата општина, најдоброто за нашата држава. Заедно и обединети треба да продолжиме напред за да ја постигнеме целта и да го оствариме најдоброто за Карпош. Нашата општина може и мора да оди само напред, со реализација на граѓанскиот концепт, со реализација на проевропскиот концепт преку реално остварливи проекти од полза за секој граѓанин, порача во видео обраќање кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски. https://www.youtube.com/watch?v=2eiXwIwFBuQ „Пред нас, претстои многу работа, треба да вложиме заеднички труд за да го направиме најдоброто за Карпош, да го направиме уште подобро место за живеење и…

Read More

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од Ла Лига со Реал Мадрид. – Имам добро чувство. Победивме два меча, играчите закрепнуваат. Фати и Агуеро се вратија, играме пред нашите навивачи. Сакам да ги расположам фановите, бидејќи шоуто ќе биде одлично. Ако го победиме Реал, ќе биде супер, ќе славиме. Оптимист сум и уверен дека ќе победиме, рече Лапорта. Големото дерби на шпанскиот и европскиот фудбал, Барселона – Реал Мадрид е закажано за в недела во 16:15 часот.

Read More

Според податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, во вториот квартал од годинава, во Албанија, бројот на новороденчиња изенува 5.993 што е пад на наталитетот од 10, 6 отсто споредено со истиот период минатата година. -Младите двојки се плашат да го зголемат семејството, бидејќи економските услови се против нивната волја. Тука секако и масовната миграција, која младите ги однесе во белиот ссвет, оценува Зухди Дервиши познат албански социолог. Според него и бебе бонусот, што од јануари минатата година го доделува владата, не ги охрабрило младите парови да имаат повеќедетно семејство. Затоа, смета Дервиши државата треба да ги редизајнира политиките за…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, рече дека тимот го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер. – Секако дека поддржуваме, очигледно е дека тој е нашиот тренер. Го следиме секој ден. Ние ги следиме неговите идеи и ќе продолжиме да го правиме тоа. Веруваме во нашиот тренер и стручниот штаб. Мора да го правиме она што ни го кажува тренерот, бидејќи тој е нешто што мораме да го почитуваме. Тој е тука веќе три години и постигнавме некои резултати. Сè уште не сме освоиле ништо, вистина е, но тимот покажа дека многу порасна. Имаме многу да работиме, а…

Read More

Историската стратегија за нулта емисии која утврдува како Обединетото Кралство ќе обезбеди 440.000 добро платени работни места и инвестиции од 90 милијарди фунти во 2030 година, на нејзиниот пат за давање на придонес кон климатските промени до 2050 година, беше обелоденета од владата на Обединетото Кралство денес (19 октомври), информираа од британската амбасада. Оттаму додаваат дека врз основа на Планот од 10 точки на премиерот, денешната стратегија за нулта емисии на Обединетото Кралство поставува сеопфатен економски план за тоа како британските бизниси и потрошувачи ќе бидат поддржани во транзицијата кон чиста енергија и зелена технологија-намалување на британската зависност од фосилни…

Read More

Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници. Во трката за градоначалничката фукција во вториот изборен круг се уште тројца пратеници. Промени ќе претрпат пратеничките групи на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник на Струмица станува Костадин Костадинов, еден од најактивните пратеници и портпарол на СДСМ, кој беше и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, едно од клучните собраниски тела. Костадинов беше еден од пратениците на СДСМ кои најчесто ги пренесуваше ставовите на пратеничката група во собраниската прес-сала и истовремено на пленарните седници. На негово место…

Read More

Турција уапси 15 лица осомничени дека работеле за израелската разузнавачка служба Мосад на турска територија, објави денеска весникот Сабах. Весникот наведува дека осомничените се уапсени пред две недели, и тие на Мосад и давале информации за турски државјани и странски студенти, кои евентуално би работеле во воената индустрија. Израелските медиуми објавија дека сите приведени се Арапи, а апсењето го спровела турската Национална разузнавачка организација (МИТ) по една година контраразузнавачка работа. Сабах наведе дека осомничените биле следени една година и се покажало дека за тоа време биле ангажирани во шпионажа фокусирана на Палестинците во Турција. Шпионската мрежа ги споделила информациите до…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека до крајот на неделава ќе се истестираат за Ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат согласностите од родителите. – Се тестираат деца во средните училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во повеќе градови. Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме се уште е рано. Тие родители кои не даваат согласност се оди на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата. Досега некаков отпор нема, не верувам дека…

Read More

СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на служебно лице на државен орган или јавна служба. -Секторот за внатрешни работи Тетово на Л.Н.(52) од Пробиштип која времено престојувала во Тетово и на тетовката Џ.Р.(47) им изготви соодветни поднесоци по член 16…

Read More

Северна Македонија испорача резултати. Тоа го потврди и Извештајот на Европската Комисија, која ги пофали нашите резултати во реформите, транспарентноста, борбата со корупција, институционалниот развој. Сите тие резултати макотрпно ги обезбедивме, со многу работа и посветеност, соопшти на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во Брисел се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино. Шекеринска, како што информира Министерството за одбрана, порача дека процесот на пристапување не може и не смее да се одолговлекува бесконечно. Тоа е, како што се наведува, единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во европските процеси. Генералниот…

Read More