Author: НОВА ТВ
Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Утре минималната температура ќе се движи во интервалот од еден до девет степени, а максималната дневна до 23 степени. Во сабота попладне ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска. Според прогнозата на УХМР, во сабота највисоката дневна темепратура ќе биде до 23 степени, во недела…
Повеќето земји од Европската унија се спротивставија на проектот Суперлига. Вкупно 16 од 27-те земји на ЕУ писмено го известиле Европскиот суд на правдата, кој на барање на трговскиот суд во Мадрид испитува дали УЕФА и ФИФА имаат право на целосна контрола врз светскиот фудбал. Противници на Суперлигата се и Шпанија и Италија, земјите во кои се сместени трите клуба кои не го напуштија проектот: Реал, Барселона и Јувентус. Европскиот суд на правдата се очекува да одржи јавни расправи во првата половина на 2022 година. Пресудата може да се појави неколку месеци по сослушувањето. Претходно, УЕФА го отфрли случајот против…
Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер. – Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министерот. За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи…
Државната изборна комисија информира дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во втор изборен круг, на ист начин и под исти услови. За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице. Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице е до 23 октомври, до 24:00 часот. Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас еден ден пред денот определен за…
Министерството за здравство информира дека ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка. -Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%, соопштија од МЗ. Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.…
Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, покажува најновиот Извештај на Светска банка. Како што беше речено на денешната онлајн презентација, и покрај економското закрепнување се уште постојат ризици, пред се поради бавното темпо на вакцинација во земјата. -Проекцијата за раст е 4,6 проценти во 2021 година, многу повисока од пролетните проекции. Овие позитивни изгледи и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување, како и со тоа што условите за финансирање почнаа да се затегнуваат, рече…
Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација. Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“. Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, додека на другите континенти вакцинирани се 40 отсто од населението. Велика Британија испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони. Огромен број вакцини против Ковид-19 се…
НБА продолжува со одбележувањето на својата 75-годишнина. Овој пат најсилната кошаркарска лига на светот објави партнерство со Формула 1. За да го одбележат почетокот на јубилејот на лигата и почетокот на ГН на Америка што се враќа по двегодишна пауза, НБА и Формула 1 постепено ќе објавуваат ексклузивни слики од болиди на тркачката сесија стилизирани низ лигата. Првите 10 слики се објавени денес на социјалните мрежи и ќе бидат посветени на клубовите од Централната и Пацифичката дивизија.
Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал покриви и дрвја. Невремето прво го погоди брегот на Атлантикот во близина на Велика Британија вчера попладне, а потоа во текот на ноќта се движеше кон исток. Француската метеоролошка служба издаде метеоролошки аларм во северозападниот дел на земјата, кој се граничи со Белгија и Луксембург.…
Да се финализира и усвои долгорочна стратегија за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), да се зајакне независноста и капацитетот на медиумското регулаторно тело, како и на регулаторот за електронски комуникации, да се продолжи со активностите за воведување на Европскиот број итна помош -112 и да се одвојат потребните финансии за да се обезбеди негова функционалност, се клучните препораки во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државава во областа информатичкото општество и медиуми. Северна Македонија, стои во оценката од Извештајот, е умерено подготвена во областа информатичко општество и медиуми. Постигнат е ограничен напредок по усвоените измени на Законот за електронски…
Министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел по новата пресметка со Русија, која резултираше со прекин на односите на Москва со Алијансата и затворање на канцеларијата на НАТО во таа земја, јави ДПА. Се очекува министрите за одбрана денеска да се договорат за новиот главен план за одбрана од секој потенцијален руски напад на повеќе фронтови, и покрај новиот фокус на алијансата кон Кина, тврдат дипломати и официјални лица, пренесуваат западни медиуми. Доверливата стратегија ги надминува постојните регионални планови за одбрана и има за цел да се подготви за секој истовремен напад во балтичките…
Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови. Според порталот „Вијести“ од Подгорица, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ. Специјалното државно обвинителство и Полициската управа денеска ќе одржат прес-конференција во 12 часот, на која ќе бидат соопштени деталите за апсењето на Перуничиќ, јавува РТЦГ. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени и повеќе детали за самоубиството на поранешниот вработен во тајната…